Салаковски Езера: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 3:
'''Салаковски Езера''' претставуваат две глацијални езера на планината [[Јакупица]] во [[Македонија]].
==Местоположба и одлики==
Станува збор за две езера кои се единствените постојани езера на овој масив. Наречени се Салаковски Езера (Големо и Мало Салаковско Езеро), а се наоѓаат во месноста Езериња на североисточните делови од Караџица односно под врвот Убава, висок 2353 метри<ref name="Јакупица">{{цитирана книга|last=Стефанка Хаџи Пецова, Михаило Зиков, Пене Пенев, Душан Манаковиќ, Раде Дренковски, Илија Дроздовски, Вера Коробар, Бисерка Филипова, Стефан Бужаровски, Малинка Ристевска Јорданова|title=Планинскиот масив Јакупица: истражување и вреднување на природното богатство|publisher=Студентски збор|date=1999|page=48}}</ref>. Езерата се сместени во еден заеднички цирк, кој е формиран за време на плеистоцената глацијација. Имено цирк претставува широка вдлабнатина во форма на амфитеатар, кој настанува со делување на процесот на глацијација односно со делување на глечерските маси, кои движејќи се го продлабочуваат теренот. Во овој случај циркот е настанат со движењето на Салаковскиот глечер. Овој цирк е обиколен со билото Горни Пепељак од северозапад, Убава од југ и Салаковска Планина од исток. Во минатото Салаковскиот цирк бил исполнет со вода од едно глацијално езеро, но бидејќи истеката на ова езеро лежи врз ерозивни моренски мтеријали, таа постепено се всекува и езеро ја губи водата. Денес се останати само најдлаботките делови од тоа некогашно езеро (Големото и Малото Салаковско Езеро). До Салаковските езера може да се дојде од повеќе населени места: [[Црн Врв од север, Алдинци (пл.дом Караџица) од североисток, Тажево и Белица (Порече) од југозапад и Патишка Река од северозапад. За местоположбата, одликите и преданијата за Салаковските Езера кон крајот на XIX век пишувал и македонскиот револуционер [[Ѓорче Петров]], кој во својата книга [[Материјали по изучувањето на Македонија]] запишал дека на скопските планини има две мали, но длабоки езера, коишто се наоѓаат едно до друго на планината [[Црн Врв]]. Со заедничко име ги викаат „езерината“, едното „големо“, а другото „мало“ езеро. Малото зафаќа место колку едно гумно, а големото е два пати поголемо од него. Бреговите и на двете езера се образувани од високи карпи, коишто им придаваат изглед на вдлабнатини. Кога има ветер, бучењето на водата се слуша подалеку, од што може да се претпостави дека стените (на дното) на езерата под водата се, исто така, карпести. Некогаш тие езера биле без истек.
 
==Народни преданија и верувања==
==Преданија==
[[File:Салаковски Езера 12.jpg|Поглед на Салаковските езера|thumb|300px|десно|Поглед на Салаковските езера]]
Во својата книга [[Материјали по изучувањето на Македонија]] издадена во [[1896]] година, македонскиот револуционер [[Ѓорче Петров]] наведува 3 преданија кои ги има месното население за овие езера.
 
Според првото предание, соменатите езера, си имаат свој стопан - тоа е еден силен ѕвер, како што прилега на едни такви големи творби, какви што се тие езера<ref name="Ѓорче Петров">{{наведена книга|last=Петров|first=Ѓорче|authorlink=Ѓорче Петров|title=[[Материјали по изучувањето на Македонија]]|editor=превод: Марио Шаревски|edition=2016|year=1896|pages =57-5859|publisher=Единствена Македонија|location=Скопје|isbn=978-608-245-113-8}}</ref>. Среде големото езеро над водата се издигнува една гранитна карпа и тука често се јавува ѕверот или стопанот на езерото за да види бел свет<ref name="Ѓорче Петров" />. Штом види некој човек, тој се фрла во водата толку силно, што целата вода се заматува од него<ref name="Ѓорче Петров" />. Овчарите од околните планини си ги капат во езерото овците и јагнињата. Кога ќе ги соберат блиску до водата, ги втеруваат внатре овните, а по нив овците сами се фрлаат во водата. На тој начин овците поминуваат низ езерото еднаш - два пати додека волната да им се измие добро<ref name="Ѓорче Петров" />. Пред да ги втераат во езерото на капење, овчарите фрлаат во водата пари и стрелаат со пушки, за да ја покажат својата почит кон господарите на езерата<ref name="Ѓорче Петров" />. Ако тоа не го направат, нужно ќе им се изгуби нешто. Или „ќосот“ (овенот) ќе го завлече стадото во вртежот и така ќе се удави целото стадо или дел од стадото ќе се качи на карпата и од таму нема да може да се истера, или најпосле во мирната вода ќе се удави некоја овца<ref name="Ѓорче Петров" />. Во потврда на ова Ѓорче Петров наведува дека братучедот на неговиот раскажувач во неверување, без да ја изврши претходната церемонија, го втерал „ќосот“ во водата, а после него внатре влегло целото стадо при што повеќето овци излегле надвор, но 17 јагниња останале на средната карпа и на никаков начин не можел да ги натера да ја напуштат карпата и да излезат надвор<ref name="Ѓорче Петров" />. Братучед му тогаш го препливал езерото до карпата и ги истерал јагнињата од таму<ref name="Ѓорче Петров" />. За да излезе од езерото, тој замавнал со нозете од карпата за да земе сила, со чијашто помош сакал да се доближи до брегот, но не можел да се движи нанапред, затоа што нешто го влечело наназад - тоа бил стопанот (таласамот), кој го туркал наназад и го завлекувал долу во водата<ref name="Ѓорче Петров" />. Со големи напори после 10 минути се појавил одгоре над водата и почнал да плива нанапред, но мачно можел да се одржува и да плива над водата, затоа што се чувствувал тежок, како да имал цела куќа над него<ref name="Ѓорче Петров" />. На неговите повици за спас другарите му пуштиле прачка и го извлекле на брегот - ѕверот го пуштил за да прикажува на светот за случката<ref name="Ѓорче Петров" />. „Но колку ќе биде жив? - не поминаа две недели и умре. Од тогаш и турско и каурско се плаши од ѕверот! Господ да чува!“<ref name="Ѓорче Петров" />.
[[File:Салаковски Езера 07.jpg|thumb|300px|лево|Поглед на Салаковските езера под врвот и гребен Убава]]
Другите две верувања и приказни се однесуваат на нивните физички својства, имено на подземните врски<ref name="Ѓорче Петров" />. Се верува дека од нив под планината тече вода којашто избива кај селото [[Белица]] (Поречко) под јужната падина на [[Караџица]] на аголот со [[Даутица]]. Над тоа село има извор од планината [[Караџица]]<ref name="Ѓорче Петров" />. За забележување е тоа што во тоа село мислат дека водата на тој извор потекнува од некоја друга планина во Скопско. Таа повраност на езерото со изворот се открила на следниот начин: Некојси овчар од село Белица случајно фрлил во изворот еден стап. Стапот излегол на изворот кај село [[Белица]]<ref name="Ѓорче Петров" />. Поттикнат од тоа случајно откритие, тој намислил да ја прехранува својата куќа од овците на својот господар. На секои 20 дена тој колел по еден овен и го пуштал во езерото завиен во неговата кожа<ref name="Ѓорче Петров" />. Овенот излегувал во изворот кај селото Белица од каде што жена му го прибирала. Господарот забележал дека стадото му се намалува и бидејќи не верувал во објаснувањата на својот овчар за причината на тоа намалување, тој излегол еден ден да го следи. Видел дека овчарот заклал брав и го пуштил во езерото завиен во неговата кожа<ref name="Ѓорче Петров" />. Разлутен од тоа, тој го фрлил овчарот во езерото и кога жена му излегла по обичај да го прибере бравот, заедо со него го прибрала и телото на својот маж<ref name="Ѓорче Петров" />.