Салаковски Езера: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 3:
'''Салаковски Езера''' претставуваат две глацијални езера на планината [[Јакупица]] во [[Македонија]].
==Местоположба и одлики==
Станува збор за две езера кои се единствените постојани езера на овој масив. Наречени се Салаковски Езера (Големо и Мало Салаковско Езеро), а се наоѓаат во месноста Езериња на североисточните делови од Караџица т.е.односно под врвот Убава, висок 2353 метри<ref name="Јакупица">{{цитирана книга|last=Стефанка Хаџи Пецова, Михаило Зиков, Пене Пенев, Душан Манаковиќ, Раде Дренковски, Илија Дроздовски, Вера Коробар, Бисерка Филипова, Стефан Бужаровски, Малинка Ристевска Јорданова|title=Планинскиот масив Јакупица: истражување и вреднување на природното богатство|publisher=Студентски збор|date=1999|page=48}}</ref>. Езерата се сместени во еден заеднички цирк, кој е формиран за време на плеистоцената глацијација. Имено цирк претставува широка вдлабнатина во форма на амфитеатар, кој настанува со делување на процесот на глацијација односно со делување на глечерските маси, кои движејќи се го продлабочуваат теренот. Во овој случај циркот е настанат со движењето на Салаковскиот глечер. Овој цирк е обиколен со билото Горни Пепељак од северозапад, Убава од југ и Салаковска Планина од исток. Во минатото Салаковскиот цирк бил исполнет со вода од едно глацијално езеро, но бидејќи истеката на ова езеро лежи врз ерозивни моренски мтеријали, таа постепено се всекува и езеро ја губи водата. Денес се останати само најдлаботките делови од тоа некогашно езеро (Големото и Малото Салаковско Езеро). До Салаковските езера може да се дојде од повеќе населени места: Црн Врв од север, Алдинци (пл.дом Караџица) од североисток, Тажево и Белица (Порече) од југозапад и Патишка Река од северозапад.
 
==Предание==