Фридрих II (изборен кнез на Саксонија): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
нс
 
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
'''Фридрих II ''' ({{lang-de|Friedrich, der Sanftmütige}}, роден во {{роден на|22|август|1412}} во {{роден во|Дрезден}} - починал на {{починал на|7|септември|1464}} во {{починал во|Лајпциг}}) — владетел од династијата [[Ветинци]] како [[Изборно Кнежевство Саксонија|изборен кнез од Саксонија]] во периодот од [[1428]] до [[1464]] година и [[Ландгрофовија Тирингија|ландгроф од Тирингија]] во периодот од [[1440]] до [[1445]] година.
 
== Рани години==
Фридрих бил првиот син и наследник на изборниот кнез [[Фридрих I (изборен кнез од Саксонија)|Фридрих I]] (1370-1428) и на Катарина од Брауншвајг-Линебург (1395-1442).
 
== Управување ==
 
Во [[1428]] година тој го наследил својот татко и управувал заедно со своите браќа [[Вилхелм III (ландгроф од Тирингија)|Вилхелм III]], [[Хајнрих (изборен кнез од Саксонија)|Хајнрих ]] и [[Сигизмунд (епископ од Вирцбург)|Сигизмунд]].
 
До [[1432]] година ги бранел своите територии од големата војна против Хуситите. Во [[1431]] година учествувл во [[крстоносна војна]] против хуситите, која војна завршила со пораз, за да во 1433 година потпише договор со нив.
 
По смртта на ландграфот на Тирингија Фридрих Мирољубиивиот (1440), Фридрих и неговиот брат, Вилхелм ги добиле неговите земји како наследство.
 
Тоа наследство сепак довело до војна помеѓу браќата. Вилхелм, чувствувајќи се навреден по поделбата на Алтенбургското наследство, стапил во тајни преговори со архиепископот на Магдебург. Воените дејствија ги започнал Фридрих. Тој ја нападнал во [[1445]] година Тирингија, и така започнала саксонските братска војна, која завршила во [[1451]] година. Фридрих стапил во сојуз со [[Хабсбурговци]]те, додека Вилхелм добил помош од Бохемија.
 
Веднаш по оваа војна се случило т.н. „Саксонско киднапирање на принцовите„ (Sächsischer Prinzenraub).