Сремски фронт: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 19:
'''Сремски фронт''' бил воен фронт формиран по ослободувањето на Белград, стабилизиран во втората половина на јануари 1945 на линијата [[Мохово]] - источно од [[Товарник]] - западно од [[Шид]] - [[Илинци]] - река [[Босут]] - [[Батровци]]. Во јануари 1945 г. со наредба на ВК на НОВЈ биле формирани I, II и III, а на 1 март и IV армија на НОВЈ.
 
[[Податотека:ZaXV BerlinMakedonski korpus, 1945.jpg|мини|лево|Единици на 15 македонски корпус поминуваат низ Батајница на пат за Сремскиот фронт, март 1945]]
Во јануари 1945 г. XV МНОУК бил префрлен во [[Земун]] за Сремскиот фронт. Формациски влегол во I армија. Бројната состојба на корпусот на 21 јануари изнесувала 15.400 борци и старешини. Во текот на март 1945 г. на корпусот формациски му се придодадени I и II македонска артилериска бригада. Борците биле вооружени со ново, посовремено оружје добиено од советската армија. Македонскиот XV корпус во состав од 42 и 48 македонска дивизија и I и II Македонска артилериска бригада на Сремскиот фронт учествувале со околу 25.000 борци и старешини.