Хамлет: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
ситна поправка
дополнување
Ред 3:
'''Трагичната повест на Хамлет, Принцот Дански''' ([[англиски]]: ''The tragedy of Hamlet, Prince of Denmark''), или скратено '''Хамлет''' ([[англиски]]: ''Hamlet'', е [[трагедија]] од [[Вилијам Шекспир]], за која се верува дека ја напишал во периодот помеѓу [[1599]] и [[1601|1601 година]]. [[Драма]]та, која се случува во [[Данска|Kралството Данска]], раскажува за начинот на кој принцот Хамлет му се одмаздува на вујко му [[Клавдиј(Хамлет)|Клавдиј]], поради убиството на стариот [[Кралот Хамлет (Хамлет)|крал Хамлет]] (братот на Клавдиј и татко на принцот Хамлет) и наследување на круната, како и поради венчавката со [[Гертруда(Хамлет)|Гертруда]] (вдовицата на кралот Хамлет и мајка на принцот Хамлет). Драмата живописно ги отсликува вистинското и одглуменото лудило, од неизмерна тага до зовриен гнев, и ги истражува темите на предавство, одмазда, инцест и морално пропаѓање.
 
==Постанокот на „Хамлет“==
Постојат три различни и рани верзии на драмата, познати се како:
*првото кварто (Q1)
Ред 8 ⟶ 9:
*првото фолио (F1).
 
Во секоја од нив има [[стих]]ови, па дури и сцени, кои ги нема во другите верзии.
Во секоја од нив има [[стих]]ови, па дури и сцени, кои ги нема во другите верзии. Шекспир ја напишал драмата „Хамлет“ врз основа на легендата за ''Амлет'', сочувана од летописецот во [[13 век]], [[Саксон Граматик]], во неговата неговото дело „[[Дела на Данците]]“ (''Gesta Danorum''), прекажано во [[16 век]] од научникот [[Франциск де Белефорест]]. За него се тврди дека можеби и се инспирирал од, или дека дури и напишал порана (хипотетичка) елизабетанска драма, денес позната како [[Ур-Хамлет]].
 
Шекспир ретко самостојно ги измислувал приказните за своите драми, туку нив ги позајмувал од историјата или од познатите приказни од неговото време. Така ја напишал и драмата „Хамлет“ врз основа на скандинавската легенда за ''Амлет'' од [[10 век]], која била запишана од данскиот летописец во [[12 век]], [[Саксо Граматикус]], во неговата неговото дело „[[Делата на Данците]]“ (''Gesta Danorum''), кое било отпечатено во [[1514]] година во [[Париз]]. Од него приказната ја презел [[Франциск де Белефоре]] и ја ставил во својата книга „Трагични истории“, објавена во Париз, во [[1576]] година. Веројатно, Шекспир ја прочитал приказната од француската верзија, зашто англискиот превод на делото на Белфоре било објавено дури во [[1608]] година. Меѓутоа, со сигурност се знае дека пред [[1589]] година постоела една англиска драма за Хамлет, којашто денес е изгубена, а за која се верува дека ја напишал првиот популарен англиски трагичар, Т. Кид.<ref>Borivoje Nedić, „Beleška o piscu“ во: Viljem Šekspir, ''Hamlet''. Beograd: Rad, 1959, стр. 158-159.</ref>
 
Првото печатено издание на „Хамлет“ се појавило во [[1603]] година и тоа значително се разликува и е за половина помало од второто издание од [[1604]] година. Врз основа на тоа се смета дека првото издание е само груба верзија на првобитната драма за Хамлет (испечатена пиратски), направена многу порано за потребите на [[театар]]от. Дури подоцна, Шекспир ја напишал својата драма за Хамлет, а онаа рана драма, според зборовите на Едмунд Чемберс, „ја зел за своја почетна точка и веројатно ја задржал рамката на приказната, но дијалозите, ликовите и психолошките мотиви се само негови“.<ref>Borivoje Nedić, „Beleška o piscu“ во: Viljem Šekspir, ''Hamlet''. Beograd: Rad, 1959, стр. 159.</ref>
 
Структурата на драмата и нејзиното длабоко навлегување во карактерите инспирирале многу критички набљудувања, од кои едно е повеќевековна дебата околу двоумењето на Хамлет да го убие вујко си. Некои сметаат дека тоа е дел од заплетот за да се продолжи дејствието, а други сметаат дека е резултат на притисокот извршен од страна на сложените филозофски и етички прашања, кои се поврзани со ладнокрвното убиство, испланираната одмазда и оневозможените желби. Од неодамна, психоаналитичките критичари ги анализирале несвесните стремежи на Хамлет, а феминистичките критичари ги преиспитале и рехабилитирале често оцрнетите ликови на [[Офелија (Хамлет)|Офелија]] и Гертруда.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Хамлет