Хамлет: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 54:
 
==Изведби на „Хамлет“ во Македонија==
За првпат, претставата „Хамлет“ е поставена во [[Македонија]] во [[1966]] година, на сцената на [[Народен театар - Битола|Народниот театар во Битола]], а во [[режија]] на [[Љубиша Георгиевски]]. Истиот театар, со истиот [[режисер]], во [[1988]] година по вторпат ја поставиле претставата. Во [[1977]] година, „Хамлет“ бил поставен во [[Драмски театар - Скопје|Драмскиот театар]] во [[Скопје]], во режија на [[Слободан Унковски]], а подоцна, уште двапати, овој [[театар]] ја поставувал оваа претстава, и тоа: во [[1998]] година, во режија на [[Владо Цветановски]] и во [[2010]] година, во режија на [[Дејан Пројковски]].<ref>„Монументално драмско дело за сите времиња“, ''Утрински весник'', година XVI, број 4725, четврток, 5 март 2015, стр. 15.</ref>
 
Првиот македонски актер кој го играл Хамлет бил [[Ацо Стефановски]], кој се одликувал со спокојна, медитативна игра. Потоа, во Народниот театар во Битола, улогата на Хамлет ја играл [[Владимир Талевски]], кој доживеал, во московскиот театар „Мала сцена“ една постара жена да се искачи на сцената, да му се поклони и да му подари [[цвеќе]]. Во Драмскиот театар во Скопје, првиот Хамлет бил [[Мето Јовановски]], кој доминирал со својата вдаховеност и творечки агенс. По него, оваа улога ја играл [[Ѓорѓи Јолевски]] чија игра се одликувала со емоционална задлабоченост, консеквентност и широчина. Третиот Хамлет во Драмскиот театар бил [[Дејан Лилиќ]] кој во [[март]] [[2015]] година ја одиграл јубилејната 50. улога во оваа претстава.<ref>„Монументално драмско дело за сите времиња“, ''Утрински весник'', година XVI, број 4725, четврток, 5 март 2015, стр. 15.</ref>
 
== Наводи ==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Хамлет