Хамлет: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Заплет: обновување
Ред 37:
 
==Содржина==
Дејството на драмата се одвива во Елсинор, на дворот на данскиот [[крал]] Клавдиј, кој по [[смрт]]та на претходниот крал Хамлет (татко на принцот Хамлет) се оженил со неговата жена, кралицата Гертруда.
===Прв чин===
Во кралството владее немир, зашто се очекува напад од синот на покојниот норвешки крал. Веќе три ноќи по ред, стражарите го забележуваат [[дух]]от на мртвиот крал (таткото на Хамлет) како шета по тврдината облечен во воен оклоп. Тие му ја соопштуваат веста на Хамлет, кој е многу тажен поради смртта на татко му и потиштен поради бракот на неговиот стрико и мајка му. Истовремено, Хамлет покажува наклонетост кон Офелија, ќерката на дворскиот советник Лаерт. Братот на Офелија заминува во [[Франција]], а нејзиниот татко ја советува да се држи подалеку од Хамлет. Следната ноќ, духот се покажува повторно и му ја кажува на Хамлет вистината за смртта на татко му: додека спиел во градината бил отруен од својот брат. Притоа, духот го повикува Хамлет на одмазда, но со молба да ја поштеди мајката. Хамлет ги повикува другарите да се заколнат дека нема да го предадат, кажувајќи им дека може да се случи тој да започне да се однесува чудно во идниот период.<ref>Viljem Šekspir, ''Hamlet''. Beograd: Rad, 1959, стр. 5-37.</ref>
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Хамлет