Хамлет: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
embed {{Нормативна контрола}} with wikidata information
→‎Заплет: обновување
Ред 36:
*Кловн
 
==Содржина==
==Заплет==
Дејството на драмата се одвива во Елсинор, на дворот на данскиот [[крал]] Клавдиј, кој по [[смрт]]та на претходниот крал Хамлет (татко на принцот Хамлет) се оженил со неговата жена.
{{вики}}
===Прв чин===
Протагонист во Хамлет е данскиот принц Хамлет, син на неодамна починатиот крал Хамлет и неговата сопруга, кралицата Гертруда.
Во кралството владее немир, зашто се очекува напад од синот на покојниот норвешки крал. Веќе три ноќи по ред, стражарите го забележуваат [[дух]]от на мртвиот крал (таткото на Хамлет) како шета по тврдината облечен во воен оклоп. Тие му ја соопштуваат веста на Хамлет, кој е многу тажен поради смртта на татко му и потиштен поради бракот на неговиот стрико и мајка му. Истовремено, Хамлет покажува наклонетост кон Офелија, ќерката на дворскиот советник Лаерт. Братот на Офелија заминува во [[Франција]], а нејзиниот татко ја советува да се држи подалеку од Хамлет. Следната ноќ, духот се покажува повторно и му ја кажува на Хамлет вистината за смртта на татко му: додека спиел во градината бил отруен од својот брат. Притоа, духот го повикува Хамлет на одмазда, но со молба да ја поштеди мајката. Хамлет ги повикува другарите да се заколнат дека нема да го предадат, кажувајќи им дека може да се случи тој да започне да се однесува чудно во идниот период.<ref>Viljem Šekspir, ''Hamlet''. Beograd: Rad, 1959, стр. 5-37.</ref>
 
===Втор чин===
Приказната започнува во една студена ноќ во [[Елсинор]], данскиот кралски замок. Франциско, еден од службениците, е ослободен од должност од Бернардо, друг службеник, и заминува, додека Бернардо останува на стража. Трет службеник, Марсел, влегува со Хорациј, најдобриот пријател на Хамлет. Службениците му кажуваат на Хорациј дека виделе дух кој личел на мртвиот крал Хамлет. Откако ќе ја слушне веста од Хорациј за појавувањето на духот, Хамлет сака лично да се увери. Истата ноќ, духот повторно се појавува. Го води Хамлет во осамено место, тврдејќи му дека е навистина духот на татко му, и му открива дека тој, постариот Хамлет, бил убиен од страна на Клавдиј, кој му турил отров во увото. Духот бара од Хамлет да го одмазди; Хамлет се согласува, ги заколнува своите придружници на тајност, и им кажува дека планира да глуми лудило (за да не предизвика сомнежи). Хамлет на почетокот верува во веродостојноста на духот, нарекувајќи го чесен и доверлив. Сепак, подоцна тој почнува да се сомнева во природата и намерите на духот, оправдувајќи ја неговата пасивност со тие сомнежи.
Полониј го испраќа својот слуга во Франција за да дознае како се однесува син му. Офелија му кажува на својот татко дека ја посетил Хамлет со многи необично однесување и Полониј помислува дека Хамлет полудел поради невозвратената [[љубов]]. И [[крал]]от и кралицата мислат дека Хамлет полудел, но тие ја бараат причината во неговата тага поради [[смрт]]та на татко му. Полониј им го кажува своето објаснување, а во разговорот со него Хамлет се прави луд. Во дворецот доаѓаат и верните пријатели на Хамлет, Розенкранц и Гилденстерн, кои се повикани од кралот за да му помогнат на Хамлет да ги оттргне лошите мисли. Најпосле, во дворецот пристигаат глумци кои треба да го орасположат Хамлет. Тој ги замолува да одиграат претстава во врска со [[убиство]] во која ќе изрецитираат еден говор што ќе го напише тој самиот.<ref>Viljem Šekspir, ''Hamlet''. Beograd: Rad, 1959, стр. 38-64.</ref>
 
===Трет чин===
Полониј е докажан главен советник на Клавдиј. Неговиот син, Лаерт, се враќа од [[Франција]], а ќерка му Офелија му се додворува на Хамлет. Но и Полониј и Лаерт ја предупредуваат дека Хамлет нема сериозни намери кон неа. Набргу потоа, Офелија е вознемирена од неговото чудно однесување и го известува татко и’ дека Хамлет влетал во нејзината соба, зјапал и не зборувал ништо. Полониј претпоставува дека „екстазата на љубовта“ е виновна за „лудилото“ на Хамлет, па им пренесува на Клавдиј и Гертруда.
Полониј му мести средба на Хамлет со Офелија со цел да ја открие причината на неговото лудило. Вообичаено, Хамлет зборува збркано и ја советува Офелија да оди во [[манастир]]. Започнува претставата во која се игра сцена иста како убиството на татко му на Хамлет. Вознемирен, кралот ја напушта претставата и додека го прогонуваат тешки мисли, Хамлет има прилика да го убие, но во последен миг се воздржува. Кралот одлучува да го испрати Хамлет во [[Англија]]. Неговата мајка го повикува на разговор, а скриениот Полониј го слуша разговорот. Хамлет ја обвинува мајка си за гревовите, а потоа го убива Полониј.<ref>Viljem Šekspir, ''Hamlet''. Beograd: Rad, 1959, стр. 65-98.</ref>
 
===Четврти чин===
Вознемирен од постојаното длабоко оплакување на Хамлет за неговиот татко и се’ почестото променливо однесување, Клавдиј бара од двајца познаници на Хамлет, Розенкранц и Гилденстерн, да дознаат која е причината за тоа. Хамлет топло ги прифаќа двајцата пријатели, но набргу ги разоткрива дека се пратени да го шпионираат.
Кралицата ми кажува на кралот за убиството на Полониј, кого набрзина го погребуваат. Кралот го испраќа Хамлет во Англија, а на Розенкранц и Гилденстерн им дава налог Хамлет да биде убиен штом стапнат на англиската почва. Разочарана од смртта на својот татко и од невозвратената љубов од Хамлет, Офелија полудува. Во дворецот пристигнува Лаерт кој дознал за убиството на татко му и бара одмазда, а кралот го обвинува Хамлет за убиството на Полониј. Хорацио добива писмо во кое Хамлет го известува дека [[брод]]от со кој патувал за Англија бил нападнат од [[пирати]] и дека Розенкранц и Гилденстерн се мртви. Кралот го наговара Лаерт со лукавство да го убијат Хамлет. Растроената Офелија извршува [[самоубиство]].<ref>Viljem Šekspir, ''Hamlet''. Beograd: Rad, 1959, стр. 99-125.</ref>
 
===Петти чин===
Заедно, Клавдиј и Полониј ја убедуваат Офелија да зборува со Хамлет, додека тие скришно слушаат. Кога Хамлет пристигнува, таа сака да му ги врати даровите, по што тој се сомнева во нејзината чесност и бесно и’ вика да оди во женски манастир.
Двајца гробари копаат гроб за Офелија, а тука доаѓа и Хамлет. Кога Офелија ја погребуваат, Лаерт влегува во [[гроб]]от, а по него и Хамлет и двајцата почнуваат да се борат. Хамлет му кажува на Хорацио како успеал да се спаси: тој го открил писмото на кралот во кое наредува Хамлет да биде убиен, а потоа го заменил со фалсификувано писмо во кое се бара да бидат убиени Гилденстерн и Розенкранц. Кралот се обложува дека Лаерт не може да го победи Хамлет во мечување и започнува натпреварот меѓу нив. Хамлет му се извинува на Лаерт за убиството на татко му, но не знае дека кралот и Лаерт се договориле да го отрујат во текот на натпреварот. Кралицата по грешка пие од пехарот и умира отруена, а во текот на борбата Хамлет и Лаерт си ги заменуваат мечовите и двајцата паѓаат ранети со [[отров]]ниот [[меч]]. Пред да умре, Хамлет го убива кралот. Во дворецот доаѓа норвешкиот принц Фортинбрас кој станува крал на Данска, а Хорацио ја кажува вистината за сите настани.<ref>Viljem Šekspir, ''Hamlet''. Beograd: Rad, 1959, стр. 126-154.</ref>
 
Хамлет сè уште е несигурен дали духот ја зборува вистината, но пристигнувањето на група актери во Елсинор му нуди решение. Им вели да глумат во претстава, Убиството на Гонзаго, реконструирајќи го убиството на кралот Хамлет за да се докаже дали Клавдиј е виновен, преку набљудувањето на неговата реакција на реконструкцијата. Дворјаните се собираат да ја гледаат претставата, а Хамлет постојано ја дополнува со вознемирувачки коментари. Кога се случува сцената на убиството, Клавдиј ненадејно станува и ја напушта собата, што за Хамлет е доказ дека е виновен.
 
Гертруда го повикува Хамлет во нејзината одаја за да побара објаснување. Додека оди натаму, Хамлет го забележува Клавдиј среде молитва, но се двоуми дали да го убие, велејќи дека смртта за време на молитва ќе го прати во рајот. Сепак, откриено е дека кралот не се моли навистина, бидејќи „зборовите“ никогаш не пристигнуваат во рајот без „мислите“. Хамлет и Гертруда почнуваат да се расправаат. Полониј, кој ги прислушува криејќи се зад таписерија, а убеден дека Хамлет навистина е луд, реагира панично кога му изгледа дека Хамлет ќе ја убие кралицата и повикува помош. Хамлет, мислејќи дека Клавдиј се крие зад таписеријата, почнува диво да забодува во материјалот, убивајќи го Полониј. Кога сфаќа дека го убил таткото на Офелија, воопшто не жали, туку го нарекува „проклета, брзоплета и наметлива будала.“ Се појавува духот, молејќи го Хамлет да се однесува нежно кон Гертруда, но истовремено и потсетувајќи го да го убие Клавдиј. Неможејќи да го види, ниту да го слушне духот, Гертруда го сфаќа дијалогот на Хамлет како уште еден доказ за неговото лудило.
 
Клавдиј, плашејќи се за својот живот, наоѓа законско оправдување за да се ослободи од принцот: го праќа Хамлет во Англија на дипломатска мисија, придружен (и постојано набљудуван) од Розенкранц и Гилденстерн. Насамо, Клавдиј открива дека всушност го испраќа Хамлет да умре. Пред да тргне за Англија, Хамлет го сокрива телото на Полониј, на крајот откривајќи му го местото на кралот. Откако ќе замине од Елсинор, тој ја сретнува армијата на принцот Фортинбрас, на пат кон борба против Полска. Откако ќе сведочи како толку многу луѓе одат да загинат само поради дрските фантазии на еден импулсивен принц, Хамлет изјавува дека целосно ќе се посвети на убиството на Клавдиј, и ништо друго.
 
Во Елсинор, сè посилно оплакувајќи ја смртта на татка си Полониј, Офелија шета низ замокот, однесувајќи се нестабилно и пеејќи непристојни песни. Брат ѝ Лаерт се враќа од Франција и е запрепастен од смртта на татко им и нејзиното лудило. Таа накратко се појавува и раздава билки и цвеќиња. Клавдиј го убедува Лаерт дека само Хамлет е виновен за ситуацијата, по што следи вест дека принцот е се’ уште жив, односно се шири приказна дека неговиот брод го нападнале пирати, на пат кон Англија, па затоа се вратил во Данска. Клавдиј веднаш смислува начин да го убие внук му, но тоа да изгледа како несреќа, за да не одговара за никаква вина. Знаејќи за љубомората на Хамлет поради вештините на Лаерт во мечување, тој предложува двобој помеѓу нив двајца. Лаерт, гневен поради убиството на татко му, го известува кралот дека ќе стави отров на врвот од мечот, за дури и најмалата гребнатина со него да значи сигурна смрт. Клавдиј, несигурен дека снаодливиот Хамлет ќе се здобие дури и со најситна гребнатина, планира да му понуди затруено вино на принцот, како алтернативно решение. Влегува Гертруда и известува дека Офелија се удавила.
 
Во дворот на Елсинор, два „кловнови“, најчесто претставени како „гробари“, го подготвуваат гробот на Офелија, и иако нејзината смрт е прогласена за несреќен случај за да добие христијански погреб, тие расправаат дека се работи за самоубиство. Пристигнува Хамлет со Хорациј, и се шегува со едниот од кловновите, кој ископува череп на дворски шут кој Хамлет одамна го знаел, Јорик. Наближува моментот за погребот на Офелија, на чело со нејзиниот жален брат, Лаерт. Вознемирен поради отсуството на церемонија (како резултат на тврдењето за самоубиство) и совладан од чувствата, Лаерт скокнува во гробот, проколнувајќи го Хамлет како причина за нејзината смрт. Хамлет го прекинува, признавајќи ја својата љубов и жалење за Офелија. Тој и Лаерт се зграпчуваат, но борбата е прекината од Клавдиј и Гертруда. Клавдиј го потсеќа Лаерт за планираниот двобој во мечување.
 
Подоцна истиот ден, Хамлет му објаснува на Хорациј како ја избегнал смртта додека патувал, откривајќи му дека наместо тоа, ги пратил Розенкранц и Гилденстерн да умрат. Ги прекинува дворјанинот Осрик, кој го поканува Хамлет да се мечува со Лаерт. И покрај предупредувањата на Хорациј, Хамлет прифаќа и двобојот започнува. По неколку рунди, Гертруда наздравува за Хамлет, но и покрај итното предупредување од Клавдиј, случајно пие од виното во кое кралот турил отров. Помеѓу рундите, Лаерт го напаѓа и прободува Хамлет со отровното сечило. Во следната борба, Хамлет успешно го прободува Лаерт со неговиот, отровен меч. Гертруда паѓа на земјата и во моментите пред да умре, извикува дека е отруена.
 
Во неговите последни моменти, Лаерт се смирува со Хамлет и го открива смртоносниот заговор на Клавдиј. Хамлет го прободува Клавдиј со отровниот меч, а потоа и го принудува да се напие од отровното вино, за да се осигура дека ќе умре. Пред сопствената смрт, Хамлет го назначува норвешкиот принц Фортинбрас за најсоодветен наследник на круната, бидејќи данското кралство се гласа, а благородниците во државата ја имаат конечната одлука. И Хорациј сака да се самоубие со затруеното вино, но Хамлет го спречува, со цел да ја прераскажува приказната, како единствениот преживеан сведок кој е упатен во сите настани.
 
Кога Фортинбрас пристигнува да го поздрави кралот Клавдиј, го пресретнува смртоносната сцена: Гертруда, Клавдиј, Лаерт и Хамлет се мртви. Хорациј бара дозвола да ја прераскаже приказната на непознатиот свет, а Фортинбрас наредува телото на Хамлет да биде изнесено со највисоки почести.
 
==Извори==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Хамлет