Јосиф II (Свето Римско Царство): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 15:
=== Религиозна политика ===
 
На [[13 октомври]] [[1781]] година Јосиф II издал едикт наречен „[[''Едикт за верска толеранција меѓу христијанските религии'']]“. Преку овој едикт, Јосиф ги затворил оние манастири и монашки ордени кои не го поддржувале народното просветителство. Црквата станала во голема мера зависна од државата и врските со [[Римска курија|Римската курија]] значително биле ограничени. Народното образование било ставено под контрола на државата. Католичката црква останала доминантна во Хабсбуршките територии, но следбениците на православието, лутеранството и калвинизмот добиле еднакви граѓански права. Од [[1782]] година било дозволено правото на избор на вероисповед.
 
=== Селска реформа===
 
Преку своите реформи, Јосиф започнал напорна борба против феудализмот. Укинувањето на привилегиите на магнатите и аристократијата и воспоставување на еднаквост за сите граѓани пред законот претставувале главна задача на Јосиф II. Неговите службеници во дворот ги признавал единствено како сталеж кој требал да му служи. Хабсбуршката Монархија најпрвин го укинала кметството во Бохемија (1 ноември 1781 година), а потоа и во другите провинции. Неговата политика предизвикала општо незадоволство меѓу аристократијата. Феудалните слоеви правеле секакви обиди да ги закочат реформите. Посетата на [[Папа Пиј VI|папата Пиј VI]] требала да предизвика омекнување на неговите ставови кон реформите, но истото не се случило.
 
=== Последни години ===
 
Преку [[Руско-турска војна (1787-1792)|Руско-турска војна]] Јосиф II сметал дека ќе го подигне својот авторит. За таа цел тој помогнал на Русија во војната со сите сили, застанувајќи на чело на војската. По првичните воените неуспеси Јосиф смртноносно се разболел во време на походот и бил принуден да се врати во Виена каде починал на 20 февруари 1790 година, кога умира.