Рок-музика: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Отстрането уредувањето на 89.205.40.74 (разговор), вратено на последната верзија на KasparBot
Ред 32:
 
=== Рокенрол ===
==== Главна статија : [[Рокенрол]] ====
 
Основа на рок музиката е рокенролот кој се појавил во САД во доцните 1940-ти и во 1950-ти години и за брзо време се прошири низ целиот свет. Рокенролот дирекно се создал со мешање на различни музички жанрови кои биле популарни во тоа време како што е ритамот и блузот,госпел музиката (црковна музика која ја изведуваат црнци) како и кантри и западната музика. Во 1951 година , диџејот Алан Фид (Alan Freed) од Кливленд ,Охајо започнал да свири ритам и блуз музика за луѓето од публиката кои биле од различни раси и се смета дека тој прв го употребил терминот ,,рокенрол’’ за да го опише тој тип на музика.Постојат големи расправии за тоа која е првата рокенрол снимка. Се смета дека тоа е ,, Rocket 88’’ на Џеки Бренстон и неговата група Делта Кетс (Delta Cats) (всушност Ајк Турнер и неговиот бенд Кингс оф ритам (The Kings of Rhythm). Во 1951 година, оваа песна ја снимил Сем Филипс од дискографската куќа Сан Рекордс. По четири години песната ,, Rock Around the Clock’’ на Бил Хејли од 1955 год. станала првата рокенрол песна која се нашла на врвот на листата на списанието Билборд и со тоа ја широко ја отворила врата за новиот бран популарна музика. Списанието Ролинг стоун, во 2004 година, објави дека ,, That's All Right (Mama)", првата песна Елвис Присли снимена за Сан Рекордс од Мемфис во 1954 година е првата рокенрол снимка. Исто така се тврди дека, во тоа време песната на Биг Џои Турнер ,, Shake, Rattle & Roll’’ веќе била на врвот на Билборд R&B листата.