Разлика помеѓу преработките на „Фердинанд II (Свето Римско Царство)“

 
Католичкиот сојуз на чело со [[Јохан Церклас Тили]], не успевал да ги разбие шведските сили, кои нашредувале а самата Бохемија повторно била под протестантска контрола. Кога Тили бил убиен во [[1632]] година, Фердинанд повторно помош побарал од [[Албрехт Валенштајн]]. Тој го прифатил позивот и со голема армија започнал постепено да ги напаѓа позициите на шведските позиции. Густав Адолф знаел дека католиците се припремаат за нова војна. Така таа се одвила на [[16 ноември]] [[1632]] година во [[Битка кај Лицен (1632)|битката кај Лицен]]. Во таа битка како победници излегле Швеѓаните но царот Густав бил убиен. Без водич, протестантските позиции биле поразени во [[Битка кај Нердлинген|битката кај Нердлинген]]. Императорот Фердинанд започнал да се сомнева во Валенштајн, главно поради неговите обиди за соработка со протестантите. Валенштајн бил лут најмногу поради фактот што Фердинанд не сакал да го повлече едиктот кој го издал неколку години претходно. Во [[1634]] година Валенштајн бил убиен во битка.
 
[[Франција]] во војната застанала на страната на протестантите. Кардиналот [[Арман Жан ди Плеси де Ришелје]] бил прв министер на [[Луј XIII]]. Тој сметал дека Хабсбуршката династија сѐ уште е премногу опасна за Франција бидејќи во нејзини раце биле голем број на територии меѓу кои и источната граница со Франција и големото влијание кон Холандија. французите не биле задоволни од условите на Прашкиот договор од 1635 година.
 
Фердинанд II починал во 1367 година, но војната продолжила.