Фердинанд II (Свето Римско Царство): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 14:
 
Чешките протестанти на [[22 мај]] [[1618]] година заробиле најпрвин двајца царски службеници и еден писар и при тоа ги исфрлиле преку прозорецот на [[Прашка палата|Прашката палата]], без да ги ранат посебно. Овој настан е поснат како Прашка дефенестрација или втора прашка дефенестрација. И покрај тоа што царските службеници не биле тешко повредени, сепак таа акција претставувала повреда на достоинството на Фердинанд. По оваа акција започнала побуна која довела до започнување на [[Триесетгодишна војна|Триесегодишната војна]].
 
== Цар ==
 
Царот Царот [[Матеја (цар на Светото Римско Царство)|Матеја]] починал во [[Виена]] во март [[1619]] година, а Фердинанд станал негов наследник според претходниот договор. Горна и Долна Австрија потпишале сојуз со Бохемија на [[22 август]] [[1620]] година, според кој Фердинанд II формално бил симнат од власт, а на негово место застанал [[Фридрих V Палатински]].
 
Против протестантското востание, Фердинанд добил подршка од католичкиот сојуз кој ги вклучувал Полска, Шпанија и Баварија. Фердинанд II во [[Битка кај Била Гора|битката кај Била Гора]], на [[8 ноември]] [[1620]] година го победил [[Фридрих V Палатински]], кој бил лидер кај протестантите, а по битката побегнал во [[Холандија]]. Водачот на католичкиот сојуз, баварскиот војвода [[Максимилијан I (војвода од Баварија)|Максимилијан I]] ги конфискувал териториите на Фридрих, додека Фердинанд II повторно станал крал на Бохемија, а протестантското население или било прогонето или му било наложено да ја прифати католичката вера. Чешка со овој чин станала католичка земја, а под власта на [[Хабсбуршка династија|Хабсбуршката династија]] земјата останала во следните 300 години.
 
Фердинанд добил парична помош од папата и од Хабсбуршка Шпанија, но кога ги потрошил сите пари, сакал да пронајде начин како да создаде своја војска, па одлучил да го постави [[Албрехт Валенштајн]] на чело на својата армија со задача да регрутира нови војници и да ја предводи царската војска. Албрехт од своја страна сакал да поседува воен фонд, кој ќе биде единствено негов и сакал слободно да располага со воениот плен и парите кои би ги добивал. Така, воениот плен станал најзначаен начин на финанситање на војската. Албрехт Валенштајн најпрвин регрутирал 30,000 војниви, а подоцна оваа бројка пораснала на 100,000 војници. Царската војска со помош на католичкиот сојуз ги победил протестантите во [[Шлезија]], [[Саксонија-Анхалт]] и [[Данска]].