Разлика помеѓу преработките на „Фердинанд II (Свето Римско Царство)“

== Крал на Бохемија ==
 
Чешкиот парламент во 1617 година го избрал за [[крал на Бохемија]]. Царот [[Матеја (Светоцар на Светото Римско Царство)|Матеја]] немал машки наследници па Фердинанд побарал подршка од [[Хабсбуршка Шпанија]] за да го назначи за негов наследник. За подршката, тој ги понудил [[Алзас]] и териториите во Италија.
 
Неговата верска политика довела до нарушување на верските слободи на оние кои не биле католици. Тој не ги почитувал верските слободи кој ги потпишал [[Рудолф II (Свето Римско Царство)|Рудолф II ]], според кој договор била гарантирана слободата на вероисповед во кралството. Новиот цар бил голем застапник на [[Католизам|католизмот]]. Главно поради ова се довело до нарушување на верските слободи и права за оние кои не ја прифаќале католичката вера. Освен тоа, новиот цар бил и голем [[апсолутизам|апсолутист]] и често пати ги нарушувал секуларните права на своите поданици. Бидејќи помеѓу кралскиот двор имало и такви кои го прифаќале протестантството, новиот крал многу бргу станал непопуларен помеѓу населението, проследено преку избувнување на побуна против него.