Преспа: Разлика помеѓу преработките

Одземен 1 бајт ,  пред 6 години
нема опис на уредувањето
[проверена преработка][проверена преработка]
Нема опис на уредувањето
'''Преспа''' (истор. знач. „песочна преграда“) — [[историско-географска област]] во регионот [[Македонија]], сега разделена помеѓу [[Република Македонија]], [[Грција]] и [[Албанија]].
Во географска смисла на зборот поимот Преспа представува голема [[котлина]] во чиј центар се сместени двете преспански езера — [[Преспанско Езеро|Големото]] и [[Мало Преспанско Езеро|Малото]]. Од север котлината е заградена од планината [[Бигла]], од запад од [[Галичица]], од југ од Сува Гора и од исток од [[Баба (планина)|Баба]]. Северната страна на областа, лежи во Република Македонија и се нарекува Горна Преспа и го опфаќа поголемиот дел од територијата на општината [[Општина Ресен|Ресен]]. Јужната - [[Долна Преспа]] е разделена на [[Мала Преспа]], на чија територија е албанската општина [[Пустец]] и [[Голема Преспа]], на чија територија лежи грчката општина [[Преспа (општина)|Преспа]] и јужниот дел на општината Ресен со селата [[Долно Дупени]], [[Наколец]], [[Брајчино]], [[Љубојно]], [[Штрбово]], [[Крани]], [[Сливница (Ресенско)|Сливница]], [[Претор]], [[Курбиново]], [[Асамати]], [[Рајца]] и [[Грнчари]].
 
 
== Геофрафски карактеристики ==