Рудолф I (Бохемија): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
нс
 
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
'''Рудолф I ''' ({{lang-de|Rudolf I}}, роден околу {{роден на|||1281}} - починал на {{починал на|3|јули|1307}} во {{починал во|Хораждовице}}) — владетел од [[Хабсбуршка династија|Хабсбуршката династија]] како [[крал на Бохемија]] (1306-1307) и [[Војводство Австрија|војвода од Австрија]] и [[Војводство Штаерска|Штаерска]] (1298-1307).
 
== Рани години ==
 
Како член на [[Хабсбуршка династија|Хабсбуршката династија]], тој бил најстариот син на кралот [[Албрехт I (Германија)|Албрехт I]] и неговата жена [[Елизабета Тиролска]]. При изборот на неговиот татко за крал на Римјаните, на Рудолф му биле дадени териториите на [[Војводство Австрија]] и [[Војводство Штаерска]], по кое се стекнал со титулата војвода и владеел како регент војвода во име на неговите помлади браќа [[Фридрих I (Германија)|Фридрих]] и [[Леополд I (војвода од Австрија)|Леополд]].
 
На [[25 мај]] [[1300]] кралот Алберт го средил неговиот брак со [[Бјанка Француска]], ќерка на кралот [[Филип III Храбриот]]. Но нивниот брак не траел долг бидејќи таа починала во [[1305]] година. За Рудолф се отворила голема прилика за бохемискиот престол кога во 1306 година починал Вацлев III, последниот крал на Бохемија од династија [[Пшемисловци]]. Неговото назначување за [[крал на Бохемија]] било оспорено од страна на неговиот вујко [[Хајнрих (Бохемија)|Хајнрих]], војводата од Корушка и сопруг на сестрата на Вацлав, Ана. Кога неколку чешки благородници го избрале на неговиот вујко за крал, Албрехт, полубрат на Рудолф, започнал воен марш кон Прага. Хајнрих успеал да побегне најпрвин во Баварија , па во Корушка. За да ја зацврсти својата власт, Рудолф се оженил со [[Елжбета Рикса]], принцеза на Полска и член на династија [[Пшемисловци]].