Ѓорѓе Поповиќ: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: {{Инфокутија за научник | box_width = 200px | name = Ѓорѓе Поповиќ | image = Ђорђе_...
(нема разлика)

Преработка од 23:14, 5 јуни 2016

Ѓорѓе Поповиќ Даничар (Буковац во Срем, 20 октомври/1 ноември 1832 - Белград 25 март/7 април 1914) бил српски новинар и книжевник.

Ѓорѓе Поповиќ
Ѓорѓе Поповиќ
Роден(а)1 ноември 1832
Буковац, Австриско царство
Починал(а)7 април 1914 (81 г.)
Белград, Кралство Србија
Потпис

Биографија

Ги уредувал списанијата „Седмица“, „Српски дневник“ и „Даница“. Првиот број на „Даница“ излегол на 20 февруари 1860, а последниот на 20 август 1872. Излегувал на десет дена во Нови Сад, со прекин од август 1871 до мај 1872. Ѓорѓе Поповик го започнал и уредувал ова списание од првиот број до август 1871. По тоа списание го добил прекарот Даничар. Поповиќ е прв преведувач на сервантестовиот „Дон Кихот“ на српски (1895-96, Белград, Фондација на Илија Милосављевиќ Коларац, 4 св.).

За дописен член на Друштвото на српска словесност е избран на 21 јануари 1862. За дописен член на Српското учено друштво именуван е од основањето на 29 јули 1864. За редовен член е избран на 30 јануари 1885 во Одборот за философски и филолошки науки. Почесен член на Српската кралска академија станал на 15 ноември 1892.

Даничаревата улица во Белград го носи името по ѓорѓевиот прекар.