Албрехт I (Германија): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
нс
 
Нема опис на уредувањето
Ред 24:
 
== Рани години==
 
Албрехт бил син на [[Рудолф I (Германија)|Рудолф I]], основач на [[Хабсбуршка династија|Хабсбуршката династија]]. Во 1282 година Рудолф ги поставил своите синови на чело на [[Војводство Австрија]] и [[Војводство Штаерска]]. Така Албрехт станал прв владетел на Австрија од [[Хабсбуршка династија|Хабсбуршката династија]]. Од [[1283]] година Албрехт како војвода владеел со двете војводства.
 
Албрехт бил оженет со [[Елизабета Тиролска]].
 
== Војвода на Австрија==
 
Албрехт воведел реформи во војводството создавајќи централизација над своите територии и ги намалил привилегиите на државните службеници и свештенството. Освен тоа ја намалил и моќта на аристократските семејства. Основал Таен совет и во Виена основал суд како единствен во војводството. Во негово време [[Виена]] станала Слободен кралски град.
 
== Крал на Германија ==
 
Во [[1291]] година Рудолф направил обид да го осигури изборот на својот син [[Албрехт II (војвода од Австрија)|Албрехт]] за [[крал на Германија]], но кнезовите го одбиле под изговор дека не можат да подржуваат два крала. Во суштина, кнезовите се плашеле од големата моќ која Рудолф ја имал. Поради оваа причина, изборните кнезови го избрале слабиот крал [[Адолф Вајлбуршки]], додека Албрехт бил принуден да го прифати новиот крал и се ограничил само на владеењето на [[Австрија]]. Но дел од изборните кнезови биле незадоволни од Адолф, па во [[1298]] година го избрале Албрехт за крал. Војските на Албрехт и Адолф се сретнале во [[Битка кај Гелхајм|битката кај Гелхајм]] во која Адолф бил убиен а неговите сили поразени. Така, Албрехт на новиот избор за крал на Германија ја осигурил подршката на изборните кнезови и во [[Франкфурт]] на [[27 јули]] [[1298]] година бил избран за крал, додека на [[24 август]] [[1298]] година бил крунисан во [[Ахен]].
 
Како германски крал воспоставил ред и владеење на законот, основал многу градови и го штитил еврејското население.
== Надворешна политика ==