Разлика помеѓу преработките на „Безрбетници“

Додадени 705 бајти ,  пред 12 години
нема опис на уредувањето
Според традиционалната поделба на царството ''Animalia'', [[праживотни]]те (''Protozoa'') се сметаат за без‘рбетни животни. Но, во современите класификациски системи праживотните се дел од царството ''Protista''. Ваквата прераспределба е направена, пред се, врз основа на структурата на [[Клеточно јадро|јадрата]] кај животните и праживотните. Кај првите, јадрото е од [[везикула]]рен тип, додека кај вторите тоа е составено од големо јадро (макронуклеус) и мало јадро (микронуклеус), кои имаат сосема поинакви [[Биохемија|биохемиски]] одлики. Како без‘рбетни животни порано се сметаа и некои видови на [[алги]], како [[еуглена]]та, [[волвокс]]от и некои претставници од групата на [[огнени алги]] (''Dinophyta''). Денес и тие се вбројуваат како дел од ''Protista'', бидејќи градбата на нивните [[Клетка|клетки]] е многу поблиска до онаа на растенијата отколку на животните.
 
Сепак, животните еволуирале од праживотните (одредени динофлагелати), и затоа името на овој таксон е соодветно. Првите животни се оние од без‘рбетните типови [[Сунѓери|''Porifera'']] и [[Жаркари|''Cnidaria'']]. Кај сунѓерите се уште се огледува консолидацијата на едноклеточните динофлагелати во многуклеточен организам (клеточен степен на телесна организација) и затоа се означени како ''Parazoa'', односно бесткивни животни, додека кај жаркарите веќе почнува потесното поврзување на клетките во [[Ткиво|ткива]] (''Eumetazoa'' или ткивни животни).
 
=== Типови на без‘рбетни животни ===
 
Постојат околу 35-40 видови на животински [[Тип (биологија)|типови]] во зависност од авторот на систематиката. Некои најпознати без‘рбетни типови на животни се:
 
* [[Сунѓери]] - ''Porifera''
* [[Жаркари]] - ''Cnidaria''
* [[Сплескани црви]] - ''Platyhelminthes''
* [[Цевчести црви]] - ''Nematoda''
* [[Мекотели]] - ''Mollusca''
* [[Прстенести црви]] - ''Annelida''
* [[Членконоги]] - ''Arthropoda''
* [[Иглокожи]] - ''Echinodermata''
[[Категорија:Без‘рбетници]]