Леополд VI (војвода на Австрија): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
НС
 
Нема опис на уредувањето
Ред 5:
Леополд бил син на [[Леополд V Бабенберг]] (1157-1194) и неговата сопруга [[Елена Унгарска]] (1158-1199), ќерка на унгарскиот крал [[Геза II]].
 
По прекршување на одредбите од пактот од Георгенберг, по смртта на [[Леополд VIV Бабенберг|Леополд V]] териториите на Бабенберг биле поделени: поголемиот брат [[Фридрих I (војвода од Австрија)|Фридрих I]] го доби [[Војводство Австрија]] (територија што одговара приближно на денешна [[Долна Австрија]] и Источна [[Горна Австрија]]), а самиот Леополд VI станал војвода на [[Штаерска]]. И двете војводства подоцна биле обединети од страна на Леополд VI кога Фридрих починал по само четири години од своето управување.
 
== Крстоносна војна==
 
Леополд VI учествувал во шпанската [[Реконквиста]] и во две крстоносни војни - во [[1212]] и [[1217]]-[[1221]]. Слично на своите претходници, Леополд VI се обидел да го развие феудалниот систем во земјата со основање на манастири. Најважен проект на овој потфат бил манастирот во [[Лилиенфелд]] во [[Долна Австрија]] по долината на реката Трајзен каде по смртта Леополд бил погребан. Покрај тоа, тој давал подршка на католичките ордени. Друга важна заслуга на војводата Леополд било тоа што Енс го подигнал во статус на град во [[1212]] и [[Виена]] во [[1221]], чија територија се зголемила речиси двапати.