Отон I (Свето Римско Царство): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
'''Отон I''' или '''Отон Велики''' ({{lang-de|Otto I der Große}}, роден на {{роден на|23|ноември|912}} во {{роден во|Валхаузен (Саксонија-Анхалт)}} - починал на {{починал на|7|мај|973}} во {{починал во|Мемлебен}}) — владетел од [[Отонска династија|Отонската династија]], [[цар на Светото Римско Царство]] од [[962]] година до неговата смрт, крал на Италија од [[961]] година, крал на Германија од [[936]] година, војвода од Саксонија од 936 година. Тој бил најстариот син на [[Хајнрих I (војвода од Саксонија)|Хајнрих I]] и [[Света Матилда|Матилда]].
 
Отон го наследил [[Војводство Саксонија]] и германската круна по смртта на неговиот татко во [[936]] година. Тој продолжил да работи на обединување на сите германски племиња во една царство на неговиот татко и во голема мера ја проширил царската моќ на сметка на аристократијата. Преку стратешки бракови и лични состаноци, Отон ги инсталирал членовите на неговото семејство во најважните војводства на кралството. Ова довело до намалување на различните војводства, кои претходно биле еднакви на кралот. Отон ја трансформирал Римокатоличката црква во Германија.
Ред 6:
 
== Внатрешна политика ==
 
Кога во [[936]] година бил избран за крал на Германија, Отон бил крунисан во [[Ахен]], како поранешна престолнина на Карло Велики, и бил прогласен од страна на епископот од Мајнц. Со тоа, Отон сакал да ја нагласи својата поврзаност со [[Карло Велики]]. Во [[938]] година во [[Саксонија]] биле откриени рудници со сребро, бакар и олово кое дополнително придонело околу трговијата на Отонската династија во следните 200 години.
 
Во обид да ги спречи сепаратистичките стремежи на големите феудалци и да го зацврсти авторитетотот на кралската власт, Отон I се обидел да создаде сојуз меѓу црквата и државата или поточно да ги постави црковните институции во служба на државата. Како основа на тоа, Ото започнал да дава имоти на разни црковни институции. Освен тоа на црковните институции Ото им дал и одредени привилегии (судски, воени, административни и други), претварајќи го свештенството во многу важен извршен орган на земјата. Во замена високото свештенство дало вазална заклетва на кралот и добило од него инвеститура (воведување во власт). Така, преку овие реформи царот давал потврда на духовниот владетел преку симболично давање на [[скиптар]] или прстен. Оваа црковна организација, поставена во служба на државата во литературата е позната под терминот „''Царска црква''“ (Reichskirche).