Отон I (Свето Римско Царство): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 4:
 
По започнувањето на граѓанската војна во земјата, Отон ги поразил Унгарците во [[955]] година, со што завршила унгарската инвазија на [[Западна Европа]]{{sfn|Reuter|1991|p=254}}. Победата против паганските Унгарци на Отон му донела репутација како спасител на христијанството. Во 961 година го освоил Кралство Италија и ги проширил своите граници на север, исток и југ. Следејќи го примерот на крунисувањето на [[Карло Велики]] како „цар на Римјаните“ во [[800]] година, Отон бил крунисан за цар во [[962]] од страна на [[папа Јован XII]] во [[Рим]].
 
== Внатрешна политика ==
 
Во обид да ги спречи сепаратистичките стремежи на големите феудалци и да го зацврсти авторитетотот на кралската власт, Ото I се обидел да создаде сојуз меѓу црквата и државата или поточно да ги постави црковните институции во служба на државата. Како основа на тоа, Ото започнал да дава имоти на разни црковни институции. Освен тоа на црковните институции Ото им дал и одредени привилегии (судски, воени, административни и други), претварајќи го свештенството во многу важен извршен орган на земјата. Во замена високото свештенство дало вазална заклетва на кралот и добило од него инвеститура (воведување во власт). Така, преку овие реформи царот давал потврда на духовниот владетел преку симболично давање на [[скиптар]] или прстен. Оваа црковна организација, поставена во служба на државата во литературата е позната под терминот „''Царска црква''“ (Reichskirche).