Фердинанд I (Свето Римско Царство): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 50:
== Управување ==
 
Западниот дел од Унгарија, над која Фердинанд продолжил да владее, станал познат како [[Кралство Унгарија]]. Како владетел на Австрија, Бохемија и Унгарија, Фердинанд ја прифатил политиката на централизација и создал апсолутизам, исто како и другите монарси по негово време. Во 1527 година составил устав за своите потчинети територии (Hofstaatsordnung) и создал институции по австриски модел во [[Братислава]] за Унгарија, во [[Прага]] за Бохемија и [[Вроцлав]] за Шлезија. Бунтот на аристократите го принудиле да ја прекине независноста на овие институции и да ги потчини на австриската влада во [[Виена]] во [[1559]] година.
 
Во [[1547]] година бохемските аристократи кренале востание против Фердинанд, откако тој наредил на бохемската армија да се придвижи против германските протестанти. Откако го задушил бунтот, благодарение на шпанските сили на својот брат Карло V, Фердинанд возвратил на нивната непослушност, намалувајќи ги привилегиите на бохемските градови и назначил нова бирократија од кралски службеници, за да ги контролира градските власти. Фердинанд дал подршка на [[Контрареформација]]та. Во 1551 година тој поканил важни членови од Орденот на језуитите во Виена, а истото го направил и во Прага во 1556 година. На тој начин Фердинанд успеал повторно да ја отвори епархијата на Прага, која пред тоа била уништена поради успехот на протестантите.
 
Фердинанд починал во Виена на [[25 јули]] [[1564]] година и бил погребан во катедралата Св. Вит во Прага.
 
== Наводи ==