Фердинанд I (Свето Римско Царство): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 40:
 
== Османлии и Унгарци ==
Откако [[Сулејман Величенствениот]] го убил зетот на Фердинанд - [[Лајош II]], крал на Бохемија и Унгарија во [[Мохачка битка (1526)| битката кај Мохач]] на [[29 август]] [[1526]] година, Фердинанд бил избран за крал на Бохемија на негово место.
 
Хрватските благородници го избрале Фердинанд I за свој крал на [[1 јануари]] [[1527]] година во Цетинскиот дворец и ја предале власта на нивните имоти за него и за неговите наследници. Во замена на престолот, Фердинанд свечено ветил на Цетинскиот собор да ги почитува историските права, слободи, закони и обичаи кои [[Хрвати]]те ги имале при нивното здружување со Унгарија, за да ја заштитат Хрватска од османлиската инвазија во Европа.
Во Унгарија Николај Олај, секретар на Лајош, се зближил со Фердинанд, но го задржал својот пост кај кралицата-вдовица Марија. Фердинанд бил избран за крал на Унгарија на меѓународен конгрес во [[Братислава]] во декември [[1526]] година кога унгарскиот престол станал предмет на династички спор помеѓу Фердинанд и [[Јован I Заполја]], војвода на Трансилванија. И двете страни биле подржувани жод различни делови на унгарските аристократи. Фердинанд ја добил и поддршката на неговиот брат Карло V. Откако ја изгубил битката против Фердинанд во [[1527]] година, Јован започнал сојузништво со Сулејман I. Фердинанд успеал да направи контрола само врз западна Унгарија, а источниот дел останал во сопственост на Заполски додека југот бил во рацете на Османлиите. По смртта на [[Јован I Заполја]] неговата вдовица Изабела потпишала договор со Фердинанд и му ја отстапила Унгарија и Трансилванија во [[1551]] година. Во [[1554]] година фландрскиот писател и дипломат Ожиен Гислен де Бусбек бил испратен во [[Истанбул]] од Фердинанд, за да преговара со османлискиот султан за спорната граница меѓу двете царства.
 
Најопасниот момент во управувањето на Фердинанд се случил во 1529 година, кога Османлиите започнале неуспешна опсада на Виена. Во 1533 година Фердинанд потпишал договор со Сулејман за поделба на Унгарија на два дела, од кои едната останала под власта на Хабсбурговците, а другата останува во сопственост на наследниците на Заполја и последователно станала вазалство на [[Отоманската империја]].
 
== Управување ==
 
 
== Наводи ==