Максимилијан I (Свето Римско Царство): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 63:
 
== Управување со Германија ==
 
Од 1486 година, кога бил избран за курфурст и крал на Германија, Максимилијан I активно учествувал во управувањето на [[Светото римско царство]]. По смртта на [[Фридрих III]] во [[1493]] година власта во царството целосно поминала во рацете на Максимилијан. Во тоа време системот на управување на Светото римско царство се наоѓало во длабока криза. Во [[Германија]] постоеле неколку стотици мали државни формации со различен степен на независност, финансиски и воен потенцијал, а влијанието на царот врз локалните кнезови било неефикасно. Поголемите кнежевства воделе самостојна политика и се обидувале да ја наметнат својата власт над соседните територии и над царските градови, кои ја сочинувале основната воена и финансиска сила на царството.
Во [[1495]] година Максимилијан I го свикал во [[Вормс]] [[Рајхстаг]]от на Светото римско царство, пред кој тој го претставил проектот за итни реформи во системот на управување<ref name=Oxford12>[https://books.google.com/books?id=UiFWYsG-t7UC&printsec=frontcover&dq=Germany+and+the+Holy+Roman+Empire+Volume+I&source=bl&ots=IvHjooiUip&sig=4g3acx620VKwkAhPhSuR8m0q0-U&hl=en&sa=X&ei=d_oCUIX7EoGQ8wSX95n7Bw&ved=0CDEQ6AEwAA#v=onepage&q=Gemeine%20Pfennig&f=false Whaley, Joachim ''Germany and the Holy Roman Empire: Volume I: Maximilian I to the Peace of Westphalia: 1490-1648''], Oxford University Press, 2012, pp. 32-33, accessed 15 July 2012</ref> . Како резултат на тоа, Рајхстагот ја прифатил т.н. „''Царска реформа''“. Германија била поделена на шест царски окрузи, а во [[1512]] биле формирани уште четири. Орган на управување во царскиот округ станало собранието наречено Крајстаг, во кое биле претставени сите државни формации на територијата на окрузите: светските и духовни кнежевства , царските витези и независните градови. Секој член на Крајстагот имал право на еден глас, со што Максимилијан обезбедувал водечкото место во него на царските витези, малите кнежевства и градови кои се држале до него. Царскиот округ ги имал надлежностите да решава прашања за воена изградба, организацијата за одбрана, војската, како и за распределбата и собирање на царските даноци на територијата на окрузите. Големо било значењето и на Царскиот суд (''Reichskammergericht'') - врховен орган на судството во германскиот свет кој станал еден од главните инструменти за спроведување на царското влијание над териториите на кнезовите и механизам за спроведување на единствена политика во сите германски земји на територијата на царството.
 
Обидите на Максимилијан да ги продлабочи реформите во царството, како и обидот да создаде еден орган на извршната власт во царството и единствена царска војска пропаднале. Кнезовите во царството застанале против овие планови на Максимилијан I и не му дозволиле да ги протурка во Рајхстагот. Покрај тоа Максимилијан не обезбедил и подршка околу финансирање на војската во Италијанската војна, што сериозно ги ослабило неговите позиции на меѓународната сцена и во самата империја. Поради овие слабости, во [[1453]] година Максимилијан I во својство на австриски надвојвода одбил да учествува во финансирањето на царските установи и не дозволил собирање на царски даноци на австриска територија. Австриското надвојводство не учествувало во Рајхстагот и во други општи органи. Така Австрија фактички била поставена надвор од Светото римско царство и поседувала во голема мера независност. Во целина, политиката на Максимилијан била насочена на прво место во интерес на Австрија и Хабсбурговците и дури потоа во интерес на Германија.
 
Големо значење во текот на неговото владеење имало и раскинот со традицијата да светиот римски цар да биде крунисан лично од римскиот папа, за да бидат легитимирани неговите права над царската круна. Во [[1508]] година Максимилијан направил воена експедиција во [[Италија]] за помазанието од папата, но Венецијанците кои ги контролирале патиштата, не го пропуштиле. Папата, на кого Максимилијан I бил потребен за создавање на широка коалиција против Венеција, официјално дозволил на Максимилијан да ја користи царската титула.
 
== Италијански војни ==