Максимилијан I (Свето Римско Царство): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 39:
 
'''Максимилијан I''' ({{lang-de|Maximilian I}}, роден на {{роден на|22|март|1459}} во {{роден во|Винер Нојштат}} - починал на {{починал на|12|јануари|1519}} во Велс, Горна Австрија) — на војвода [[Бургундија]] од 1477 година, римско-германски крал од [[1486]] година, надвојвода на Австрија од [[1493]] година и [[цар на Светото Римско Царство]] во периодот од [[1508]] до [[1519]] година. Максимилијан произлегува од [[Хабсбуршка династија|Хабсбуршката династија]]. Неговото управување се одликува со активна и конзистентна политика, насочена кон проширување на териториите на [[Хабсбурговци]]те преку војни и поволни династички бракови. Максимилијан I спроведел важни реформи во системот на управување на Светото Римско Царство и Австрија. Поголемиот дел од управувањето поминало во напорите за ограничување на француската експанзија во хабсбуршките поседи и [[Италија]]. Најсериозен неуспех во неговото владеење е губењето на австриските територии во [[Швајцарија]] по [[Битка кај Дорнах|битката кај Дорнах]] на [[22 јули]] [[1499]] година.
 
== Рани години ==
 
Максимилијан бил роден на [[22 март]] [[1459]] година во [[Винер Нојштат]], денешна [[Австрија]]. Тој е син на светиот римски цар [[Фридрих III]] и на [[Елеонора-Елена Португалска]] (1436-1467), ќерка на португалскиот крал Дуарте I. Во [[1477]] година се оженил за [[Марија Бургундска]], војводка на Бургундија<ref name=heimann_frederick>Heinz-Dieter Heimann: Die Habsburger. Dynastie und Kaiserreiche. ISBN 3-406-44754-6. pp. 38–45</ref>, преку кој брак ги проширил владенијата на Хабсбурговците во [[Војводство Бургундија]], Независна покраина Бургундија и поголемиот дел од [[Холандија]]<ref name=heimann_maximilian>Heinz-Dieter Heimann: Die Habsburger. Dynastie und Kaiserreiche. ISBN 3-406-44754-6. pp. 45–53</ref>. Тоа довело до повторно заострување на односите со стариот ривал [[Франција]] за контрола на овие области<ref name="WB1976">World Book Encyclopedia, Field Enterprises Educational Corporation, 1976.</ref>, за кое Максимилијан започнал војна против кралот [[Луј XI]], чии воени сили биле поразени во [[1479]] година<ref name=eb1911>Encyclopædia Britannica 1911</ref>. Оваа победа на Максимилијан му донела зацврстување на своите позиции над богатите холандски провинции [[Фландрија]], [[Ено]], [[Брабант]], [[Лимбург]], [[Луксембург]], [[Холандија]] и [[Зеланд]], а исто така и во [[Франш-Конте]] и во други територии кои граничеле со Франција. Победите на Максимилијан го подигнал престижот на Хабсбурговците во цела [[Европа]]. Така уште на млади години Максимилијан се појавил како енергичен владетел, способен да ја зацврсти власта на династијата и да изврши итни трансформации во застарениот систем на управување во Германија и Австрија. Истовремено Фридрих III започнал да го интегрира својот син во управувањето на империјата, отстапувајќи му ја реалната власт во негови раце. Така во [[1486]] година Максимилијан бил избран за курфурст и крал на Германија.
 
== Хабсбуршка Холандија ==