Левица (политика): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 1:
:''За македонската политичка партија, видете [[Левица (политичка партија)|Левица]]''.
 
'''Левицата''' е сегмент од [[политички спектар|политичкиот спектар]] кого го сочинуваат [[политичка идеологија|политичките теории]] кои се стремат кон подобрување на животот на широкото мнозинство од населението преку залагање за повеќе [[рамноправност]] и повеќе [[слобода]] за припадниците на општеството во споредба со постојната состојба. Како дел од левицата обично се класифицираат [[социјалдемократија]]та, [[демократски социјализам|демократскиот социјализам]], [[комунизам|комунизмот]], [[анархизам|анархизмот]] и дел од [[зелени|зелените теории]].
 
Покрај за означување на сегмент од политичкиот спектар, како левица се означуваат и фракциите или крилата во рамките на дадена политичка теорија или политички субјекти кои во однос на останатите припадници на своите матични теории или субјекти застапуваат ставови кои повеќе ги земаат во обѕир интересите на народните маси, или се послободарски или поегалитарни. Сепак, во таквите случаи треба да се има предвид дека нечие лево крило може да пројавува помалку левичарски карактеристики од [[Политичка десница|десното крило]] на некој друг субјект.