Свети Кирил и Методиј: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
знаеме што направиле тие, тука има опис на тоа што тие држат во раце. А тоа е кирилица.
→‎Биографија: поправив грешка
Ред 30:
'''[[Св. Кирил Солунски|Св. Кирил]] и [[Св. Методиј Солунски]]''' се родени браќа од [[Солун]],од угледно и богато [[Византија|византиско]] семејство, татко Лав и мајка Марија. Постариот брат, [[Св. Методиј Солунски|Методиј]], како офицер помина десет години меѓу [[Македонски Словени|македонските Словени]]. Потоа се оддалечи на гората [[Олимп]] и се предаде на монашки подвиг. Овде подоцна му се придружи и Кирил ([[Константин Филозоф]]). '''Кирил и Методиј''', познати како [[солун]]ските браќа просветители, имаат голема улога во [[Словени|словенската]] историја. Нивното дело ги описмени словенските народи.
[[Податотека:Kiril and Metodij - Skopje.JPG|thumb|left|175px|Споменик на Св. Кирил и Методиј близу [[Камен мост (Скопје)|Камениот мост]] во [[Скопје]]]]
Во почетокот на [[9 век|IX век]] била веќе подготвена солидна основа за поширока и поорганизирана мисионерска активност во Западна [[Бугарија]]. Во тоа време [[Византија|Византиската Империја]] доживува нов расцут на културен план, па овој бран ги заплиснува и градовите што биле оддалечени од [[Цариград]], посебно Солун. Во првите децении на IX век во Солун живее и семејството на висок службеник на царската власт, помошник на византискиот стратег на Солун и солунската област. Тоа бил Лав со својата сопруга Марија. Нивната народност е нејасна. Семејството имало повеќе деца, но се спомнуваат само имињата на најстариот - Методиј и најмалиот Константин. Дури не се спомнува и световното име на Методиј, кој ова го добил при замонашувањето.
 
Побожните родители ги упатиле своите рожби уште од најраното детство во [[христијанство]]то, трудејќи се да им помогнат да ги применуваат возвишените христијански вистини во својот живот. Костантин уште од својата младост се занимавал со списите на свети [[Григориј Назијанзин]] и на [[Дионисиј Аеропагитски]]. Татко му го испратил во Цариград да го продолжи своето образование во [[император]]ското [[Магнаурско училиште]], каде, освен [[Богословија|богословските]] науки, се изучувале и [[граматика]], [[аритметика]], [[географија]], [[астрономија]], [[музика]], [[поезија]], [[реторика]]. Покрај овие науки, Константин учел и јазици - [[латински јазик|латински]], [[еврејски јазик|еврејски]] и [[Сириски јазик|сириски]]. Откако го завршил своето високо образование, Константин бил назначен за библиотекар при црквата [[Света Софија (црква)|Света Софија]], а потоа бил поставен за професор по [[философија]] во училиштето што го завршил. Тогаш го добил и името Константин Филозоф.