Богдан Брецељ: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: {{Инфокутија за личност | име =Богдан Брецељ | портрет =Bogdan Brecelj.jpg | px...
 
Нема опис на уредувањето
Ред 20:
| родители =
| деца =
| lbl1 = Учество во војни
| војна = 1943
| data1 = [[Народноослободителна војна]]
| lbl1 = служба
| data1lbl2 = Служба
| data2 = [[Народноослободителна војна|НОВ и ПОЈ]]; [[ЈНА]]
| lbl3 = [[ЈНА]]Чин
| lbl2 data3 = чин[[полковник]] во резерва
| data2lbl4 = потполковникЧлен на [[КПЈ]] од
| lbl3 data4 = [[1943]]
| data3 =
| lbl4 =
| data4 =
| lbl5 =
| data5 =
| lbl1lbl6 = служба
| data3data6 =
| lbl-style = <!-- Стил на додатните полиња -->
}}
 
'''Проф. др Богдан Брецељ''' ([[Горица]], 5. јуни 1906 — [[Љубљана]], 9. септември 1986) бил академик, учесник во Народноослободителната бојна, доктор на медицински науки, универзитетски професор, лекар, санитетски полковник на ЈНА и [[Орден на социјалистичкиот труд|јунак на социјалистичкиот труд]].
 
==Биографија==
Богдан Брецељ студирал медицина во [[Виена]] и [[Инсбрук]], каде и докторирал во 1929 година. Специјализирал хирургија во [[1935]] година во Љубљана, а во [[Берлин]], [[Болоња]], Виена, [[Прага]] и [[Падова]] ортопедија во 1937 година. Истата година застанал на чело на хируршко-ортопедското одделение во Љубљана.
 
===Народноослободителна војна===
Бил еден од основачите на медицинскиот одбор на Ослободителниот фронт во Љубњана. Италијанските фашисти поради тоа два пати го уапсиле во 1943 година, но тој успеал да побегне и да се префрли на ослободената територија, каде ѝ се приклучил на НОБ. За време на војната обавувал различни функции, а од [[1944]] бил главен хирург во медицинскиот дел на Главниот штаб на Народноослободителната војска и партизанските одреди на [[Словенија]]. Во 1945 година станува регионален организационен сектретар на народноослободителниот одбор за словенското приморје и [[Трст]]. <ref>[http://www.titomanija.com.ba/e-knjige/Titova%20poslednja%20bitka.pdf Група автори: Титовата последна битка]</ref>
 
===Повоена кариера и медицина===
По крајот на [[Втора светска војна|Втората светска војна]], на [[31 август]] [[1945]] годнина избран е за продекан на Медицинскиот факултет во Љубљана. Во 1946 основал катедра за Клиничка ортопедија на Медцинскиот факлултет. Исто така, заслужен е за организирање ортопедски болници за лечење остеоартикуларна туберколоза ширум Словенија и [[Истра]] и основање на институции за рехабилитација. Од [[1947]] година е лични лекар, а од [[1951]] година член на лекарската екипа која била задолжена за оперирање на [[Тито]]. Во 1948 година основал физиотерапевтска школа во [[Ровињ]]. На негов предлог во [[1958]] е воведен студиски предмет на студиите по медицина - Основи на физиотерапијата и рехабилитацијата. Под негово раководство воведени се и нови методи на лекување: атропластика со протеза, отворен третман на остеоартикуларна туберкулоза користејќи конзервативна хомоиотрансплантатова коска и основал коскена банка, прва од тој вид во [[СФРЈ|Југославија]]. Вовел нов метод за хируршко лекување на конгенитална дислокација на колкот, користејќи остеосинтетички материјал. Исто така, го усовршил секторот за прва помош и 20 години ја водел Горската служба за спасување, организирајќи бројни курсеви поврзани со планинско спасување. За време на [[Смрт и погреб на Јосип Броз Тито|болеста]] на [[Претседател|претседателот]] Јосип Броз Тито од [[3 јануари]] [[1980]] до неговата смрт на [[4 мај]] 1980 година бил шеф на лекарскиот конзилиум.
 
Академик Брецељ бил редовен член на Совенечката академија на науките и уметностите од [[1949]] година, дописен член на Српската и Хрватската академија од [[1961]], односно [[1963]] година, како и член на Советската академија на медицински науки, почесен член на Словенечката медицинска асоцијација и на Меѓународното друштво за ортопедска хирургија и трауматологија.
 
Носител е на [[Партизанска споменица 1941]] и други [[југословенски одликувања]], меѓу кои и [[Орден и за јунак на социјалистичкиот труд]], [[Орден на југословенското знаме со лента]], [[Орден на Републиката]] и др.
 
Добитник е на АВНОЈ-ската награда за [[1968]] година и наградата Кидрич за [[1986]] година.
 
[[1967]] станува член на [[Совет на федерацијата|Советот на федерацијата]]. По заминувањето во пензија во [[1976]] година, избран е за почесен професор на [[Љубљански универзитет|Љубљанскиот универзитет]]. На стогодишнината на словенското лекарско друштво избран е за почесен член.
 
Автор е на неколку книги и над 100 стручни трудови во домашни и меѓународни списанија.
 
Неговиот татко [[Антон Брецељ]] бил лекар, додека неговиот брат [[Маријан Брецељ]] друштвено-политички работник и [[народен херој]].
==Наводи==
{{reflist}}
 
==Литература==
* ''Југословенски савременици: ко је ко у Југославији''. „Хронометар“, Београд 1970. година. ''(на српски)''
* ''Војни лексикон''. „Војноиздавачки завод“ Београд, 1981. година. ''(на српски)''
 
==Надворешни врски==
{{портал|НОБ}}
{{Commonscat|Bogdan Brecelj}}
* [http://www.sanu.ac.rs/Clanstvo/IstClan.aspx?arg=790, Биографија на страницата на Српската академија на науките и уметностите]