Славјанско-маќедонска општа историја: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 15:
}}
 
'''Славјанско-маќедонска општа историја''' — обемно дело на 1688 ракописни страници, посветено на историјата на [[Македонија]], напишано од [[Ѓорѓија Пулевски]] во [[1892]] година.

==Создавање и значење==
Констатирајќи дека туѓите историчари не ја прикажале вистинската историја на [[Македонија]] и дека е неопходно самите [[Македонци]] да го сторат тоа, [[Ѓорѓија Пулевски]] со многу напори и со патриотски жар во ова дело ја претресува целата балканска и словенска историја и ги бара нишките на македонскиот развиток<ref name="Блаже Ристовски" />. Во оваа своја ''Историја'', Ѓорѓија Пулевски ја прави првата периодизација на македонскиот развиток, давајќи ја паралелно и историјата на соседните народи за да се разберат историските процеси во [[Македонија]], но навлегува и во прашања од секојденвието, во обичаите на нашите луѓе од разните краишта, па дава дури и граматички преглед на [[Македонски јазик|македонскиот јазик]] и ветува преглед и на македонската книжевност<ref name="Ѓорѓија Пулевски" />. Самиот автор го создал ова дело со цел да служи и како наставно помагало во образованието на идната слободна и независна македонска држава.
 
==Содржина==