Индустриска револуција: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
embed {{Нормативна контрола}} with wikidata information
сНема опис на уредувањето
Ред 9:
== Причини, почеток и тек на Револуцијата ==
Во втората половина на XVIII век во Англија биле создадени услови за премин кон крупно [[Капитализам|капиталистичко]] производство, бидејќи ограничените можности на мануфактурното производство не можеле да ги задоволат потребите на пазарите во градовите и во англиските колонии. Мануфактурното производство создало услови за изнаоѓање нови технички изуми - машини, што биле способни да извршуваат производствени операции и да го зголемат производството. За примена на новите технички изуми во производството најмногу биле заинтересирани капиталистите, бидејќи со тоа се создавале услови за поголемо производство и поголема печалба. Во почетокот на XVIII век во Англија производството на метали многу опаднало, бидејќи топењето руди се вршело во високи печки со помош на дрвен јаглен. Како резултат на тоа, англиските шуми биле сосема исечени. Но, во [[1753|1753 г.]] англискиот научник [[Абрахам Дерби]] открил дека камениот јаглен може да се [[Kоксирање|коксира]] и да се употребува во високи печки, со што Англија ги надминала сите други земји во производството на железо, бакар, калај и други метали за изработка на разните алатки (машини). Со новиот начин на топење руди, во Англија започнала индустриската револуција. Првата машина се појавила во текстилното производство. Во [[1765|1765 г.]] [[Џејмс Харгривс]] ја конструирал машината "[[Џени]]" која извлекувала 16 конци одеднаш. Овој изум заменувал 16 работници кои дотогаш работеле на своите родани (чекрци). Овој напредок во предењето предизвикал интерес кај капиталистите за пронаоѓање на машина за ткаење. Во [[1785|1785 г.]] бил создаден механички разбој кој заменувал 60 работници. Со вакви изуми во текстилното производство биле поставени темелите на новото производство, фабричко - индустриско. Првите машини се движеле со помош на водена енергија и затоа голем број на фабрики биле градени покрај реките. Во [[1784|1784 г.]] [[Џејмс Ват]] ја пронашол [[парната машина]] и со тоа биле создадени услови за градење фабрики на сите места, независно од положбата. Споредено со мануфактурното производство, машинското производство било побрзо, поглемо, поквалитетно и поефтино. Примената на машините во производството претставува индустриска револуција.
Зголеменото производство на производите предизвикало потреба од брзо пренесување до пазарите, и затоа дошло пронаоѓање на првиот [[парабродпароброд]], во [[1807|1807 г.]], од страна на [[Роберт Фултон]], и првата [[парна локомотива]] во [[1814|1814 г.]] од страна на [[Џорџ Стивенсон]]. [[Првата железничка линија]] во светот била изградена во [[1825|1825 г.]] во Англија.
Значителен подем бил постигнат и во развитокот на земјоделството. Била унапредена земјоделската техника и започнале да се применуваат нови методи за обработка на земјата. Преминот од ситно земјоделско стопанство кон крупно, со примена на нови агротехнички мерки се нарекува [[земјоделска револуција]]. Како резултат на тоа дошло до брзо пропаѓање на селаните, кои биле приморани да одат во градовите како наемни работници, или да се преселат во други земји, воглавно во [[САД]].