Јан Неруда: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
embed {{Нормативна контрола}} with wikidata information
нова страница
Ред 1:
'''[[Јан Неруда]]''' ({{роден на|9|јули|1834}} - {{починал на|||1891}}), [[Чeшка|чешки]] [[Литература|писател]] и публицист, најистакната личност во чешкиот културен живот во втората половина на [[19 век. Најпознати негови дела се „''Малострански раскази''“, „''Арабеска''“, „''Прости мотиви''“ и „''Балада и романси''“]].
{{Без извори|датум=октомври 2009}}
[[Податотека:Jan Neruda 02.jpg|мини|Јан Неруда]]
'''[[Јан Неруда]]''' ({{роден на|9|јули|1834}} - {{починал на|||1891}}), [[Чeшка|чешки]] [[Литература|писател]] и публицист, најистакната личност во чешкиот културен живот во втората половина на 19 век. Најпознати негови дела се „''Малострански раскази''“, „''Арабеска''“, „''Прости мотиви''“ и „''Балада и романси''“.
==Биографија==
Неруда потекнувал од сиромашно [[семејство]], тој бил син на пензиониран војник и на слугинка, кои живееле во Мала страна, кварт на [[Прага]]. Уште во детството, учејќи заедно со децата на богатите трговци, ја спознал социјалната нееднаквост. Во германската [[гимназија]] во која учел го исмејувале [[Чешки јазик|чешкиот јазик]], што кај него само ја разгорило љубовта кон својот народ и кон мајчиниот [[јазик]]. Во [[1860]]-тите, Неруда работел како [[новинар]], бранејќи ја генерацијата нови писатели (наречени „маевци“ според списанието „Мај“) кои го вовеле [[Реализам|реализмот]] во [[Чешка книжевност|чешката книжевност]]. Во тогашните политички борби застанал на страната на „младочесите“ - радикална демократска партија која се залагала за рамноправност на чешкиот јазик и будење на чешката култура. Како новинар, Неруда имал прилика често да патува низ [[Европа]].<ref>Nada Đorđević, „Jan Neruda“, во: Jan Neruda, ''Malostranske pripovetke''. Beograd: Rad, 1964, стр. 115-120.</ref>
[[Податотека:JanNerudaGrave.jpg|мини|лево|Гробот на Неруда во Прага.]]
==Творештво==
[[Податотека:Jan-neruda.jpg|мини|лево|Споменикот на Неруда во Прага.]]
Првите книжевни чекори Неруда ги направил во [[1857]] година, кога ја објавил [[Поезија|поетската]] збирка „Гробни цвеќиња“ во која е искажана неговата тага и протест против [[сиромаштија]]та и неправдата. Десет години подоцна излегла втората поетска збирка „Книга со стихови“, а потоа следувале и збирките „Балади и романси“ ([[1883]]) и „Прости мотиви“ ([[1888]]), во кои пее за љубовта кон својот народ, кон родителите и кон девојката, но исто така и за социјалната неправда и недостатоците на капитализмот. Сепак, најголем впечаток оставила неговата збирка „Песни на Велики петок“, објавена посмртно во [[1896]] година, во која повикал на борба, со зборовите „сè уште има доволно железо во земјата за добри мечеви, и во крвта има [[железо]]“, како и „напред, народе наш мил, секогаш напред!“. Впечатоците од бројните патувања ги објавил во книгите „Арабески“ ([[1864]]), „Разни луѓе“ ([[1871]]) и „Работниците на железничката пруга“ ([[1872]]). Сепак, најголема слава стакнал со неговото најдобро дело, збирката „[[Малострански раскази]]“ од [[1878]] година, која се смета за бисер на чешката книжевност и врз на чешкиот реализам.<ref>Nada Đorđević, „Jan Neruda“, во: Jan Neruda, ''Malostranske pripovetke''. Beograd: Rad, 1964, стр. 115-120.</ref>
 
 
== Наводи ==
{{Чешка-писател-никулец}}
{{наводи}}
 
{{Нормативна контрола}}