Џон Толанд: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
дополнување
Ред 2:
 
== Биографија ==
[[Податотека:John Toland.jpg|мини|Џон Толанд]]
Џон Толанд се родил во 1670 година, во Ирска. Спред некои извори, тој бил незаконски син на католички свештеник. Како бунтовен и немирен дух, веќе на возраст од 14 години, тој учествувал во некое локално востание, поради што бил осуден на јавно камшикување. Пред својата [[смрт]], самиот си составил епитаф за својот над[[гроб]]ен споменик, на којшто напишал: „Veritatis propugnator, libertatis assertor“ („Борец за вистина, бранител на слободата“).<ref>„John Toland“ во: Gajo Petrović, ''Engleska empiristicka filozofija: Odabrani tekstovi filozofa''. Zagreb: Matica Hrvatska, 1955, стр. 94-95.</ref>
 
==Творештво==
[[Податотека:Hypatia - John Toland 1720.jpg|мини|лево|Насловната страница на делото „Hypatia“, издание од 1753 година.]]
Толанд започнал рано да пишува и веќе во својата 21. година го објавил своето прво дело „Племето на Леви“ (''Tribe of Levi'') во кое тврди дека на светот нема ништо поштетно од свештенството. Поради острите реакции на оваа книга, Толанд морал да побегне во [[Холандија]]. Во [[1696]] година го објавил своето славно дело „Христијанство без тајни“ (''Christianity not mysterious''). Исто така, тој објавувал и изданија на туѓи дела. Така, во [[1699]] година ги објавил делата на поетот [[Џон Милтон]], заедно со неговата биографија, а во [[1700]] година ги објавил делата и биографијата на републиканецот [[Џејмс Харингтон]] (''James Harrington''). Истата година го објавил своето дело „Clito или за говорот“, во [[1701]] година следувале делата „Anglia libera“ и „Државни парадокси“, во [[1702]] година го објавил делото „Vindicius liberius или самоодбраната на Г. Толанд“. Понатаму, негови попознати дела се и: „Писма до Серена“ ([[1704]]), „Adeisidaemon“ ([[1708]]), „Nazarenus“ [[(1718]]), „Tretradymos“ ([[1720]]), „Pantheistikon“ (1720) итн. Сите овие дела имале слична судбина како и неговата прва [[книга]]: предизвикале остри реакции, против секое од нив биле објавени неколку памфлети, книгата „Христијанство без тајни“ била јавно запалена, а еден член на цензурата дури предложил да се запали и нејзиниот автор. Поради непријатлескиот став кон неговите дела, Толанд бил принуден многу од своите книги да ги издава анонимно, јавно да изјавува дека нема ништо против [[христијанство]]то и монархијата или дека е непријател на [[Атеизам|атеизмот]], а често морал да го менува местото на живеење (Англија, Ирска, Холандија, [[Германија]], [[Чешка]] и [[Австрија]]).<ref>„John Toland“ во: Gajo Petrović, ''Engleska empiristicka filozofija: Odabrani tekstovi filozofa''. Zagreb: Matica Hrvatska, 1955, стр. 94-95.</ref>
[[Податотека:Pantheisticon, sive formula celebrandae sodalitatis - Upper cover (c69e5).jpg|мини|лево|Предната корица на „Pantheisticon“ од 1720 год.]]
 
=== Пантеизмот на Толанд ===
Низ целото творештво на Толанд провејува борбата за слобода на мислењето. Според него, слободното изразување на мислите е услов за јавна афирмација на вистината. Оттука, Толанд се борел против верската нетолеранција и политичката тиранија. Во тој поглед, Толанд се солидаризирал со [[философ]]ите-[[Пантеизам|пантеисти]], сметајќи ги за „непријатели на сите тирани, без оглед на тоа дали се монарси или деспоти, олигархиски оптимати или анархистички деспоти“. Според него, „пантеистот нема никого да прогонува само поради неговите уверувања, т.е. неговите зборови и дела, доколку тие никому не причинуваат штета“. На тој начин, проширувајќи ја толеранцијата и на атеистите, во борбата за верска толеранција, Толанд отишол чекор напред во однос на [[Џон Лок]], кој ги исклучувал нив.<ref>„John Toland“ во: Gajo Petrović, ''Engleska empiristicka filozofija: Odabrani tekstovi filozofa''. Zagreb: Matica Hrvatska, 1955, стр. 95-96.</ref>