Црква „Св. Стефан“ - Конче: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 15:
|завршено = 1371
|осветување =
|живопис = 1371
|ктитор = Никола Станоевиќ
|зограф = [[Димитар Папрадишки]] и [[Коста Вангелов]]
Ред 29:
'''Свети Стефан''' (позната и како '''Света Богородица''') — средновековна манастирска [[Црква (објект)|црква]] во селото [[Конче]]. Црквата се наоѓа во западниот дел на селото, во непосредна близина до [[ОУ „Гоце Делчев“ - Конче|основното училиште „Гоце Делчев“]].
 
Црквата претставува единствена црква на [[Конечки манастир|Конечкиот манастир]]. Црквата била започната во 1366 година, а била завршена до 1371 година, кога се претпоставува дека бил завршен и нејзиниот првобитен фрескоживопис.
 
== Историја ==
 
Црквата е изградена во 1366 година година од страна на војводата Никола Станоевиќ, но не е познато кога и од кој архиереј била осветена. Познато е дека била фрескоживописувана два пати. Првиот фрескоживопис бил извршен непосредно по изградбата, односно до 1371 година, а од него денес е сочуван само мал дел. Вториот фрескоживопис бил направен во {{римски|18}} и {{римски|19}} век. Иконите во црквата биле изработени од страна на [[Димитар Андонов Папрадишки]] и [[КостаКостадин ВамгеловВангелов]] од [[Штип]] во 1921 и 1922 година.<ref>[http://www.bregalnickaeparhija.org.mk/index.php/2014-03-17-20-33-02/2010-01-15-21-58/63-2009-12-19-06-51-28 Ињевско-конченска парохија], официјално мрежно место на Брегалничката епархија.</ref>
 
Во минатото, црквата била [[манастир]] со [[монах|монаси]] и го носела името „Света Богородица“, по кое и денес е позната меѓу населението<ref>{{cite book |last= Снегаров |first= Иван |authorlink= Иван Снегаров |title= История на Охридската архиепископия-патриаршия |year=София 1995|publisher=, т.II, Академично издателство „Марин Дринов“, с. 479, ISBN 954-430-345-6}}</ref>. Ова име се поврзува и со чудесната икона на [[Богородица Марија|Света Богородица]], која сама се појавувала од Гевгелискиот крај во црквата. За иконата на Света Богородица се сметала дека има исцелителна моќ<ref name="матица">Ристески С. Љупчо. „Категориите простор и време во народната култура на Македонците“. „Матица“, Скопје, 2005. стр.256.</ref>, па покрај христијани во црквата за исцеление доаѓале и муслимани. Поради исцелителната моќ на иконата која била пронајдена во црквата на празникот „Св. Константин и Елена“, односно „Свети Цареи“, во црквата се одржувал голем панаѓур на кој се доаѓало поради исцеление на луѓето и со желба за плодност на полето<ref name="матица"/>. За исцелителната моќ на чудотворната икона во црквата во [[Конче]] пишувал и македонскиот преродбеник и собирач на народно творештво [[Марко Цепенков]]<ref name="матица"/>.
Ред 44:
 
Во поново време биле извршени реставраторско-конзервациски интервенции на манастирската црква со што е обновено кубето, а исто така и фасадите на црквата, кои се мошне украсно изведени, каде што преовладуваат тулите во стилот на византиските средновековни цркви.<ref name="книга" />
 
== Фрескоживопис ==
 
Од својата изградба, црквата била на два пати фрескоживописувана. Првиот фрескоживопис бил насликан непосредна по нејзината изградба, односно до 1371 година, но за жал, денес од него е останат само мал дел. Вториот фрескоживопис во црквата бил насликан во текот на {{римски|18}} и {{римски|19}} век.
 
Во олтарниот простор во првата зона е фигурата на архиѓаконот со каделница во десната рака, а во левата држи дарохранилница насликана во нишата од проскомидијата. Меѓу проскомидијата и олтарната ниша е претставен еден архијереј, кој е дел од светата литургија. Тој држи отворен свиток свртен кон апсидата во полунаведнат став. Во самата апсида на северната страна се претставени Св. Григориј и Св. Јован Златоуст, додека на јужната страна е Св. Василиј Велики и Св. Атанасиј. Меѓу апсидата и проскомидијата е Св. Кирил Александриски, додека во нишата на ѓакониконот е Исус Христос, што не е вообичаено. Христос е претставен во царска одежда и во став на благослов. Во втората зона на олтарната апсида е композицијата „Причестување на апостолите“, а под оваа композиција слабо видливи се остатоците од „Поклонувањето на агнецот“.<ref name="книга" />
 
Над композицијата „Причестување на апостолите“ е насликана Богородица со Христос. На североисточниот столб до иконостасот на челната страна е добро сочуваниот лик на Богородица со Христос. Над Богородица надлетува ангел со крст во раце, а погоре се зраци од небото.<ref name="книга" />
 
На јужната страна од столбот е претставен архијереј, а по сè изгледа е Св. Никола. Фрески се сочувани и на југоисточниот столб и тоа на северната страна има еден архијереј со отворен свиток и приклонет кон олтарната апсида. На челната (западна) страна е претставен Исус Христос кој со десната рака е во став на благослов, а во левата рака држи затворена книга, евангелие. На јужната страна од столбот е архијерер во попрсје, а над него во цел раст е непознат светец, поради оштетеност на фреската.<ref name="книга" />
 
Југозападниот столб е исто така покриен со фрески со претставата на Св. Архангел Гаврил во првата зона, на јужната страна, додека на северната страна од истиот столб е насликан Архангел Михаил, претставен како воин. Тука, на овој столб, е ликот на Св. Меркуриј на западната страна од столбот. Во горните партии на столбот има фрагментарно сочувани фрески. Фрескоживописот во горните партии на манастирската црква е целосно уништен.<ref name="книга" />
 
Според некои мислења, фреските во манастирската црква се насликани во 1371 година.<ref name="книга" />
 
== Галерија ==