Алекса Шантиќ: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Творештво: дополнување
Ред 11:
 
Во песните на Шантиќ е синтетизирано личното и народното искуство. Неговата лирска [[синтеза]] е сложена, зашто тој ги контрастира интимните расположби, патриотските чувства и противречноста меѓу минатото и сегашноста, а од друга страна ги користи сите средства на лирскиот говор за да постигне максимална експресивна сугестивност на [[стих]]от. Тој се надоврзал на [[Романтизам|романтичарската]] традиција во [[Српска поезија|српската поезија]] ([[Јован Јовановиќ Змај]], [[Ѓура Јакшиќ]] и [[Воислав Илиќ]]), но по интуиција ги следел и тогашните модерни текови во европската поезија - [[Симболизам|симболизмот]]. Врз неговиот поетски развој големо влијание имала критиката на Богдан Поповиќ („За „Песните“ на Алекса Шантиќ“, 1901 година). Според некои критичари, и во неговата подоцнежна фаза се забележува силен печат на романтичарската [[естетика]] при што светлосната [[митологија]] претставува одраз на [[Петар Петровиќ - Његош|Његош]], титанските акценти се преземени од Јакшиќ, болните штимунзи го одразуваат влијанието на Змај, а епигонскиот развлечен стих и аристократизмот во [[дикција]]та се должат на В. Илиќ.<ref>Миодраг Друговац, „Алекса Шантиќ“, во: Алекса Шантиќ, ''Песни''. Скопје: Наша книга, Македонска книга, Мисла и Култура, 1987, стр. 53-59.</ref>
[[Податотека:Spomenik Santicu.jpg|мини|Споменикот на Шантиќ во Мостар]]
 
== Наводи ==