Википедија:Избрана статија/2008/32: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
===[[Летни олимписки игри - 2008]]===
[[Слика:Пекинг 2008.svg|150px|десноright]]
'''Летните олимписки игри 2008''', официјално познати како '''Игри на XXIX Олимпијада''', ќе бидат прославени од [[8 август]], [[2008]], до [[24 август]], [[2008]], со церомонијата на свечено отварање која ќе започне точно во 08:08:08 попладне (кинеско централно време) (12:08:08 [[Coordinated Universal Time|UTC]]) на Националниот стадион во [[Пекинг]], [[Народна Република Кина]]. Некои настани ќе се одржат надвор од Пекинг, меѓу кои се фудбалското натпреварување (во [[Квинхуангдао]], [[Шангај]], [[Шенјанг]] и [[Тјаижин]]), јавачкато натпреварување (во [[Хонг Конг]]) и натпреварувањето во едрење (во [[Квингдао]]). Ова ќе биде третиот пат Олимпијадата да се одржува под јурисдикцијата на два различни олимписки комитета (Хонг Конг и Кина се натпреваруваат одделно).
 
Организацијата на Олимписките игри беше доделена на градот [[Пекинг]], [[Народна Република Кина]] по гласањето на [[Меѓународен олимписки комитет|Меѓународниот олимписки комитет]] на [[13 јули]] [[2001]]. Официјалното лого на игрите, со наслов „Разиграниот Пекинг“, прикажува стилизиран кинески калиграфски симбол, „жинг“([[wikt:京|京]], со значење ''главен град''), што претставува референца на градот домаќин. Маскотите на Пекинг 2008 се пет „Фува“ ([[кинески јазик|кинески]]:福娃, Fúwá); буквален превод „кукли за добра среќа“), секоја обоена во една од боите на Олимписките прстени. Олимпискиот слоган, ''Еден свет, еден сон'', го повикува светот да се обедини во олимпискиот дух. Атлетите ќе се натпреваруваат во 302 натпреварувања во 28 спортови, само еден натпревар повеќе од распоредот на игрите од [[Летни олимписки игри - 2004|Атина 2004]]. Неколку нови национални олимписки комитети се препознаени од [[Меѓународен олимписки комитет|МОК]].
 
[[Народна Република Кина|Кинеската]] влада ги промовираше игрите за да го истакне кинеското пробивање на светската сцена. Постоеја големи грижи од евентуалното бојкотирање на Олимпијадата од страна на поголемите нации во протест на кинеските акции во [[Тибет]]. Порано во 2007, поранешниот претседател на [[Меѓународен олимписки комитет|MOK]], [[Хуан Антонио Самаранч]], изјавил дека верува во игрите на 2008 Пекинг, кои можат да бидат, по негово мислење, „најдобри во олимписката историја.“
 
<div align="right" class="noprint"><small>''[[Летни олимписки игри - 2008|Прочитајте повеќе...]]</small>''</div >