Хипи-движење: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
embed {{Нормативна контрола}} with wikidata information
Нема опис на уредувањето
Ред 20:
Лексикографот Џеси Шаидловер, главниот американски уредник на оксфордскиот англиски речник, полемизира дека изразите хистер и хипи произлегуваат од зборот хип, чие потекло е непознато. Изразот хипстер е кованица создадена од Хари Гибсон во 1940 година. Иако зборот хипи се појавуваше изолирано во текот на раните шеесетти години, првата јасно современа употреба на тој термин се појави во печатот на 5 септември 1965 година во написот „Нов рај за Битниксите“ напишан од новинарот Мајкл Фелон од Сан Франциско. Во тој напис Фелон пишуваше за кафулето Блу јуникорн (Синиот еднорог) користејќи го изразот хипи за новата генерација битници кои дојдоа од Норт Биич во областа Хеит Ешбери. Уредникот на весникот Њу Јорк Тајмс и писателот Теодор М. Бернштајн рече дека весникот го изменил пишувањето на зборот од hippy во hippie, за да се одбегне двосмислениот опис на облеката како hippy мода.
==Историјат==
===Потекло ===
Основањето на хипи движењето има свој историски преседан уште во контракултурата на древните Грци, поддржувана од филозофите како што се Диоген и Синопи и од Циниците, како најрани облици на хипи култура. Хипи филозофијата исто така ги признава и одобрува духовните учења за Исус Христос, Хилел Постариот, Буда, Маздак, Св. Франциск Асишки, Хенри Дејвид Торо и Ганди.
Првите знаци на она што би можеле да го наречеме модерни „прахипици“ се појавија во крајот на векот во Европа. Помеѓу 1896 и 1908 година, се појави едно германско младинско движење како контракултурна реакција на организираните општествени и кулутрни клубови кои се собрале иколу германската народна музика. Познати под името Der Wandervogel („Птица преселница“), движењето се спротивстави на формалноста на традиционалните германски клубови, нагласувајќи ги наместо неа аматерската музика и пеење, креативното облекување и заеднички излети кои ќе вклучуваат долги пешачења и кампување. Инспирирани од делата на Фридрих Ниче, Гете, Херман Хесе и Едуард Балцер, Wandervogel (птиците преселници) привлекоа илјадници млади Германци кои го отфрлија брзиот тренд кон урбанизацијата и чезнееа по паганскиот, духовен живот во стилот, враќање кон природата, исто како нивните претци. Во текот на првите неколку декади од дваесеттиот век, Германците се сместија околу Соединетите Држави, донесувајќи ги со себе вредностите на Wandervogel. Некои ги отворија првите продавници со здрава храна, а многумина се преселија во јужна Калифорнија, каде можеа да стават во пракса еден алтернативен животен стил во топла клима. Со текот на времето, младите Американци ги прифатија убедувањата и практиките на новите имигранти. Една група наречена „Момчиња на природата“ се упати кон калифорниската пустина и одгледуваше органска храна, поттикнувајќи го животниот стил „враќање кон природата“ исто како Wandervogel. Песнописецот Еден Абез напиша хит песна наречена Момче од природата инспирирана од Роберт Бутцин (Цигански чизми), кој помогна да се популаризира свеста за здравјето, јогата и органската храна во Соединетите Држави.