Разлика помеѓу преработките на „Смрт и погреб на Јосип Броз Тито“

нема опис на уредувањето
(нова страница)
 
 
'''Смртта на Јосип Броз Тито''', доживотниот претседател на [[СФРЈ|Социјалистичка Федеративна Република Југославија]] и на [[Сојуз на комунистите на Југославија|Сојузот на комунисти на Југославија]] на [[4 мај]] [[1980]] година е еден од најзначајните настани во [[историја на Југославија|историјата на Југославија]]. Тогаш доаѓа до смена на власта од еден човек на колективно раководство - [[Претседателство на СФРЈ]]. Според многу историчари, ова е почетокот на [[Распад на СФРЈ|распадот на СФРЈ]].
 
 
===Тагување===
4 мај бил [[недела]]. Вообичаената телевизиска програма била прекината од полуминутен црн екран. По тоа, веќе одредениот спикер Миодраг Здравковиќ ја прочитал следнава изјава на [[Српскохрватски јазик|српскохрватски]] во живо: {{Цитат|Умро је друг Тито. То су вечерас саопштили Централни комитет Савеза комуниста Југославије и Председништво Социјалистичке Федеративне Републике Југославије, радничкој класи, радним људима и граѓанима, народима и народностима Социјалистичке Федеративне Републике Југославије.}}По овој краток вовед, следел и проглас на Претесателствата на СФРЈ и на ЦК на СКЈ.
 
==Погреб==
Попладне, по почесната стража на која присуствувале членови на Претседателството на СФРЈ и Претседателството на ЦК на СКЈ, титовиот ковчег го изнеле 8 адмирали и генерали на ЈНА. По говорот на Светан Дороњски, погребнаа колона тргнала по ул. Кнез Милош и бул. Октомвриска револуција до музејот „25 мај“. Последниот говор го одржале Лазар Колишевски пред Куќата на цвеќето и трибините поставени за странски државници. Со звуците на [[Интернационала|Интернационалата]], ковчегот е внесен во Куќата по 15:00. Телевизијата која цело време го вршела преносот, не го покажала моментот на внесување на ковчегот, па се појавиле сомнежи дали Јосип Броз е навистина таму погребан.
 
Оваа дилема во 2002 година ја решил инжинерот Драгомир Гавриловиќ. Според неговото сведочење, по погребот, во 16:30 часот дводелната мермерна маска која била поставена за време на погребот била тргната. Од гробот е изваден титовиот ковчег за да биде обложен со бакар и повторно е вратен назад. Преку сандакот е ставена бетонска плоча, а по тоа специјално подготвена дигалка го кренала кровот и преку него спуштила мермерна плоча тешка девет тони. Сѐ е завршено за еден ден и така Тито тој 8 мај е два пати погребан. <ref>{{Cite news|url=http://www.kurir.rs/tajna-kuce-cveca-tito-bio-sahranjen-dva-puta-clanak-1073423|title=TAJNA KUĆE CVEĆA: Tito bio sahranjen dva puta!|date=6. 11. 2013.|work=Kurir}}</ref>
===Список на присутни државници===
 
Следната дилема која се појавила е зошто Јосип Броз, како [[комунист]], нема [[ѕвезда петокрака]] на гробот.
 
Наредните десет години секој 4 мај во 15:05 ширум [[Социјалистичка Федеративна Република Југославија|СФР Југославија]] се вклучувале сирени и секој бил обрзан на минута молк за да оддаде почит на поранешниот лидер.
 
===Список на присутни државници===
[[Податотека:Tito's_funeral.svg|мини|250x250пкс|{{legend|#000080|Држави кои пратиле официјална делегација.}}{{legend|#FF6600|Држави кои не пратиле официјална делегација, но претставници на огранизации од тие држави биле присутни.}}{{legend|#FFFF00|Држави кои не пратиле официјална делегација.}}]]На титовиот погреб присуствувале 124 официјални државни делегации, на чие чело се наоѓале 38 шефови на држави (кралеви или претседатели), 5 принцеви, 7 потпретседатели, 6 претседатели на парламент, 10 премиери, 3 вицепремиери, 12 министри за надворешни работи, 20 членови на влада и 21 државен функционер.
==Надворешни врски==
==Литература==
*''Југославија о Титу 1980''. Новинска агенција „[[Танјуг]]“, Београд и НИРО „Комунист“, Белград 1980 година. ''(на српски)''
*''Било је часно живјети с Титом''. „Младост“ Загреб и „Просвјета“ Загреб, 1981 година. ''(на хрватски)''
*''Титова последња битка''. „Народна књига“ Белград 1981 година. ''(на српски)''
==Надворешни врски==
*[http://www.titomanija.com.ba/e-knjige/Titova%20poslednja%20bitka.pdf Титова последња битка] ''(на босански)''{{Портал|СФРЈ}}
88

уредувања