Емброуз Бирс: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
нова страница
 
→‎Биографија: дополнување
Ред 4:
Емброуз Бирс е роден во [[1842]] година. Името го добил по јунакот од еден „готски“ роман („Животот и авантурите на Емброуз Гвинет: познат и како сакатиот просјак“). Уште како мал го мразел своето [[семејство]], а особено татко му Марк Аврелиј, кој бил сиромашен фармер и верски фанатик. Подоцна, тој се срамел од своето потекло, а меѓу ретките подробности од неговото детство се истакнува случката во која тој натоварил бел [[коњ]] со слама, ја запалил сламата и го натерал коњот да влета меѓу учесниците на некој верски собир.<ref>„Белешка за животот и делото на Емброуз Бирс“, во: Емброуз Бирс, ''Басни''. Скопје: Темплум, 2016, стр. 94-95.</ref>
 
Кога избила [[Граѓанската војна во САД]], Бирс ѝ се приклучил во [[армија]]та при што се борел во многу борби и бил тешко ранет. По зваршувањето на [[војна]]та, некое време извршувал разни воени должности (управник на складиште со воен плен и управник на напуштен имот), а во [[1866]] година заминал во [[Сан Франциско]]. Таму, најпрвин работел како ноќен чувар во ковачница за [[пари]], а потоа почнал да соработува со локалните весници и набрзо станал уредник на весникот „News Letter“. Во својство на новинар, тој станал жесток критичар на секојдневието, обвинувајќи ги луѓето за лажливоста и алчноста и остро ги коментирал убиствата, политичарите, свештениците, писателите, државните службеници итн.<ref>„Белешка за писателот“, во: Емброуз Бирс, Ѓаволовиот речник. Скопје: Темплум, 2006, стр. 189-190.</ref> Кон крајот на [[1871]] година, Бирс се оженил и заминал во [[Лондон]].<ref>„Белешка за животот и делото на Емброуз Бирс“, во: Емброуз Бирс, ''Басни''. Скопје: Темплум, 2016, стр. 95.</ref>
 
За време на животот, Бирс бил многу контроверзна личност и бил познат како опседнат со [[ѓавол]]от. Така, се зборувало дека жените можат на оддалеченост од 10 метри, да го почувтсвуваат доаѓањето на таа „демонска“ личност. Тој пак никогаш не се одделувал од [[револвер]]от што го носел за да се одбрани од бесот на гневните читатели. Исто така, неговиот личен живот бил исполнет со немили настани: жена му го напуштила, едниот син умрел од последици на [[Алкохолизам|алкохолизмот]], а другиот син загинал поради некоја девојка. По повод неговата [[смрт]], Бирс запишал во својот дневник: „Сине мој, ти си возвишена душа: го направи тоа што требаше да го направиш.“ Болен и осамен, во [[1913]] година, Бирс упатил молба до блиските пријатели да му проста што „не умира на лице место“ и заминал во [[Мексико]]. Во прошталното писмо напишал:<ref>„Белешка за животот и делото на Емброуз Бирс“, во: Емброуз Бирс, ''Басни''. Скопје: Темплум, 2016, стр. 95-96.</ref> „Збогум. Ако слушнете дека во Мексико ме ставиле до камен ѕид и ме изрешетале со куршуми, да знаете дека го сметам тоа за прилично добар начин да се напушти овој живот. Многу е подобар од староста, болеста, или паѓањето по скалите од подрумот. Да се биде ‘гринго’ во Мексико – ах, тоа е вистинска евтаназија!“