Јан ван Ејк: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
embed {{Нормативна контрола}} with wikidata information
сНема опис на уредувањето
Ред 10:
| location= веројатно [[Масејк]], [[Бургундиска Холандија]]
| deathdate=9 јули {{Death year and age|1441|1395}}
| deathplace=[[БрижБриге]], [[Бургундиска Холандија]]
| nationality=[[Фламанци|Фламанец]]
| field=[[сликарство]]
Ред 27:
Датумот на раѓање на Јан не е познат. Првиот запис за него од дворот на војводата [[Јован III (Баварија)|Јован Баварски]] во [[Хаг]]. Тој датира од [[1422]] и споменува плаќање на Јан како дворски сликар, што укажува на фактот дека тој неможел да биде роден подоцна од [[1395]] (веројатно бил роден доста пред тоа).
 
По смртта на Јован Баварски во [[1425]] Јан влегол во службата на моќниот и влијателен Валојски принц, војводата [[Филип Добриот]]. Јан живеел во [[Лил]] една година, а потоа се преселил во [[БрижБриге]], каде живеел сè до неговата смрт во [[1440]]. Разни документи издадени во 20-тиот век сведочат за разните услуги на дворот. Во име на војводата Јан бил пратен на неколку мисии и работел на неколку проекти во кои веројатно се работело за повеќе од сликање. Со исклучок на два портрета на португалската кралица Изабела, кои Јан ги насликал во име на Филип како подарок во рамките на делегацијата пратена во 1428-9 за да ѝ ја бараат раката, точната природа на овие дела е нејасна. Ниедно од нив не е сочувано денес.
 
Како сликар и „''valet de chambre''“ на војводата, Јан ван Ејк бил извонредно добро платен. Тој уште од почетокот добивал огромна плата која следната година била удвоена задно со сите други бонуси кои ги добивал. Друга индикација на тоа дека како уметник и личност тој бил екстремно ценет наоѓаме во [[1435]] во кој војводата објаснува дека доколку Јан го напушти, тој никогаш не би можел да најде рамен на него. Војводата исто така бил и кум на Јановите деца, ја издржувал неговата жена-вдовица по неговата смрт и години подоцна ѝ помогнал на една од Јановите ќерки со финансирањето на нејзинот влез во еден манастир.
Ред 35:
Јан бил исклучок во своето време во тоа што ставал потпис и датум на своите слики, обично на рамката, која во тоа време се сметала за целина заедно со сликата (двете често пати биле сликани заедно). Еден познат исклучок од ова правило е сликата ''[[Портрет на Арнолфините]]'' (Лондон, [[Национална галерија, Лондон|Национална галерија]]) која може да се види погоре, каде Јан на ѕидот во позадината на делото испишал: „''Johannes de Eyck fuit hic 1434''“ (Јан ван Ејк беше овде, 1434). Оваа слика исто така претставува енигма за стручњаците до ден денес, но повеќе распоространети толкувања веќе се отфрлени. Ова не е насликана венчаница, или запис за нечие ветување. Жената не е трудна, бидејќи овој гест со раката се јавува и на други слики од тоа време.
 
Други исклучителни дела се плочата-паметник, „[[Богородица со канцеларот Ролин]]“ (Париз, [[Лувр]]), и „[[Богородица со каноникот ван дер Пеле]]“ (БрижБриге, [[Грениншки музеј]]), извесни други религиозни слики и ред други неверојатни портрети, вклучувајќи го и потретот на неговата жена, Маргарет (БрижБриге, Гренингски музеј и претпоставениот [[автопортрет]], „[[Портрет на човек со турбан]]“ (Лондон, [[Национална галерија (Лондон)|Национална галерија]]). Многу други дела сè уште не се потврдени, или се верува дека се дела на неговите помошници или следбеници.
 
Во најважниот ран извор за него, биографијата од хуманистот [[Бартоломео Фачо]] во 1454 (''De viris illustribus''), Јан ван Ејк се смета за „водечки сликар во своето време“. Овој текст разјаснува некои работи за неговите дела кои инаку се нејасни, споменувајќи сцена со капење како и карта на светот која Јан ја насликал за Филип Добриот. Фачо исто така кажува дека Јан бил учен човек и дека може да се види ги прочитал класиците, особено текстовите на [[Плиниј Постариот]] на тема сликарство. Ова може да се потврди со неговите [[латински јазик|латински]] натписи кои ги пишувале само образувани луѓе, како и фактот што тој знаел латински кога бил во дипломатска служба на војводата.
 
Јанван Ејк умира во [[БрижБриге]] во [[1441]] и бил закопан во црквата Свет Дар (уништена за време на Француската револуција).
 
== Поврзано ==