Индија: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 99:
Во 3 век п.н.е., најголем дел од Јужна Азија бил обединет во империјата Маурија од страна на Чандрагупта Маурија, која цутела во времето на Ашока Велики. Од 3-ти век од нашата ера, династијата Гупта владеела во период кој антички се нарекувал " Златното доба на Индија" . Империја во јужниот дел ги вклучува оние на Чалукјас, на Чолас и империјата Виџајанагара. Науката, технологијата, инженерството, уметноста, логиката, јазикот, литературата, математиката, астрономија, религијата и филозофијата цветале под покровителство на овие кралеви.
=== Средновековна Индија ===
По Исламската инвазија од Централна Азија меѓу 10 и 12 век, голем дел од северна Индија потпаднал под власт на султанатот Делхи и подоцна на империјата Мугхал. Под власта на Акбар Велики, Индија постигнува голем културен и економски напредок, како и религиозна хармонија. Императорите Мугхал значително ги прошириле своите империи и покриле големи делови од потконтинентот. Сепак, во североисточна Индија, доминантна сила било царство Ахом на Асам, дел од неколкуте кралства кои се спротивставиле на покорувањето на Мугхал. Првата голема закана за империјалната моќ на Мугхал потекнува од Хинду Раџпут, кралот Маха Рана Пратап од Мевар во 16 век. До почетокот на 1700-тите, царството на Сиките и царството Маратас се појавиле како сериозни непријатели на Мугхал. По смртта на Аурангзеб, империјата Мугхал во се наоѓала во период на постепен пад и до средината на 18 век, голем дел од територијата на Мугхал се нашол под контрола на империјата на Хинду Марата.
Од 16 век, европските сили, како Португалија, Холандија, Франција и Велика Британија воспоставиле трговски врски, а подоцна ги искористиле внатрешните конфликти за воспоставувње на колонии во земјата. До 1856, поголемиот дел од Индија е под контрола на Британското источноиндиско друштво. Една година подоцна, се организира национално востание од побунетите воени единици и царства, познато како Првата војна за независност на Индија или бунтот Сепој, кој сериозно ја предизвикал контролата на Друштвото, но на крајот бил неуспешен. Како резултат на нестабилноста, Индија била ставена под директна власт на британската круна.
|