Индија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Откажано уредувањето 3427705 на уредникот 92.12.203.53 (разговор)
Ред 93:
 
== Историја ==
=== Античка Индија ===
Индија имала значајна улога во историјата на светот, бидејќи била место каде што се развивале четирите најголеми стари цивилизации кои биле центри на трговијата и големата владетелност. Во Индија се развивале три големи религии: [[будизам]], [[ламаизам]] и [[хиндуизам]], а и [[ислам]]от оставил неизбришлива трага. Цртежите од каменото време сведочат за постоењето на [[Индијци]]те. Остатоците од првите населби во Индија се стари 9000 години, а луѓето најчесто се населувале по долините на реките [[Инд]] и [[Ганг]] поради поволните услови за живот. Оваа земја имала неколку владетели кои биле од различни религии и на различен начин придонесувале за нејзиниот развиток. По долга борба за независност, под водство на [[Махатма Ганди]] и [[Џавахарлал Нехруа]], Индија била прогласена за независна држава во 1947 година.
Камените засолништа од каменовреме со слики на Bhimbetka камени засолништа во Мадја Прадеш се најраните познати траги на човечки живот во Индија. Првата позната постојана населба се појавува пред околу 8.500 години и постепено се развива во Цивилизација од долината на Инд, која датира од 3400 пред нашата ера во западниот дел на Индија. Тоа е проследено со Ведскиот период, кој ги поставил основите на хиндуизмот и други културни аспекти на раното индиското општество, а завршува во 500 п.н.е.. Од околу 550 години п.н.е., многу независни кралства и републики познати како Махајанападас биле основани низ целата земја.
Ред 109 ⟶ 110:
Од осамостојувањето, Индија се соочува со предизвиците на верско насилство, кастаизам, наксализам, тероризам и регионални сепаратистичките конфликти, особено во Џаму и Кашмир и североисточна Индија. Од 1990-тите, од терористички напади се погодени голем број индиски градови. Индија имала нерешен територијален спор со Народна Република Кина, кој во 1962 година, ескалирал со Кинеско-индиската војна, и спор со Пакистан, кој резултирал со војни во 1947, 1965, 1971 и 1999 година.
 
Индија е држава вооружена со нуклеарно оружје, и ја спроведува својата прва нуклеарна проба во 1974 година, по што следеле уште пет тестови во 1998 година. Од 1950-тите до 1980-тите години, Индија ги следи социјалистички инспирираните политики. Економијата е отежната со обемна регулатива, протекционизам и државна сопственост, што довела до продор на корупцијата и забавен економскиот раст. Од 1991 година, значајни економски реформи ја трансформирале Индија во една од најбрзо растечките економии во светот, зголемувајќи ја нејзината глобална моќ.
 
== Географија ==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Индија