Слобода на печатот: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
embed {{Нормативна контрола}} with wikidata information
поправка на правопис - евтин
Ред 83:
Многу од традиционалните средства за доставување на информации, со зголемување на темпото на модерниот технолошки напредок, полека се заменуваат. Речиси секој конвенционален начин на медиумите и на ширење на информации има модерна копија,која нуди голем број на потенцијални предности за новинарите кои сакаат да ја одржат и подобрат својата слобода на говор. Неколку едноставни примери за такви феномени се:
- Сателитска телевизија наспроти земна телевизија: Додека со земната телевизија релативно лесно може да се управува и манипулира, сателитската телевизија е многу тешко да се контролира бидејќи новинарската содржина може лесно да се емитува и од друга надлежност која е надвор од контрола на одредени влади. Пример за ова на Блискиот исток е сателитскиот радиодифузер Ал Џезира. Овој медиумски канал на арапски јазик, работи надвор од Катар, чија влада е релативно либерална во споредба со многу од нејзините соседни држави. Како таква, со своите ставови и содржини често е проблематична за голем број од владите во регионот и пошироко. Меѓутоа, поради зголемената достапност и минимизација на сателитската технологија (на пример садови и приемници) за повеќето држави едноставно не е изводливо да го контролираат пристапот до каналот.
- Издаваштвото на интернет (на пример блогирањето) наспроти традиционалното издаваштво : Традиционалните списанија и весници зависат од физичките ресурси (на пример канцеларии, преси за печатење) и лесно може да станат мета и да бидат принудени на затварање. Системите за издаваштво на интернет може да работат со користење на ефтинаевтина опрема која ја има насекаде и може да работи од која било глобалана надлежност. За да се добие контрола врз публикациите на интернет, многу држави и организации користат прецизност и прецизни софтвери.
- Глас преку интернет-протокол(ГПИП) наспроти конвенционалната телефонија: Иако конвенционалните телефонски системи лесно се прислушуваат и се евидентираат, модерната ГПИП технологија за ниска цена може да обезбеди силна криптографија за да се избегне надзор. Како ГПИП и слични технологии стануваат се пораспространети голема е веројатноста да се направи ефикасно следење на новинарите (и нивните контакти и активности) што претставува тешка задача за владите.