Прва балканска војна: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
поправка на правопис - благородно
Ред 421:
На 19 и 20 октомври, Тесалиската армија извојувала решавачка победа кај [[Ениџе Вардар]], со што и бил отворен патот кон [[Солун]]. Недела дена подоцна, 27 октомври, османлискиот командант Тахсин Паша го предал градот на принцот Константин<ref name="strdimitr334">Стр. Димитров, стр. 334-335.</ref><ref>Марков, [http://www.kroraina.com/knigi/gm_bw1/gm_1_4.html 1.4. Напредување кон Солун]</ref>. По падот на Солун била испратена една грчка телеграма во која било истакнато:
 
{{Цитат|'''Освојувањето на Солун се очекува во последните 24 часа, меѓутоа објавувањето дека грчката војска вчера вмарширала во градот доведе до силни изливи на емоции и радост. Најпрво Атина, а потоа и останатите делови на Грција, после големите случувања почуствуваа неопишливо олеснување кое избива од душата на целата (грчка б.н) нација. Никој не можеше да верува дека во војната против Турција грчката војска толку брзо победоносно ќе влезе во овој најголем македонски град. А оваа победа - чии губитоци после долгите и тешки борби сразмерни на нејзиното значење, посебно во овој период на годината кога непријателот, повлекувајќи се, ги уништи мостовите па војската се бореше со надојдената река - добива уште на значење поради иронијата со која европското мнение во почеткот ја прими објавата на грчко - турската војна и поради бројноста на непријателските војници против кој се бореше нашата војска. Грчките војници први го ослободија македонскиот град, како некогаш турските, но во суштина, секогаш грчки провинции, па нивното население, кое до вчера беше под турска доминација, сега конечно може слободно да диши. Робовите можат да ги кренат главите и да ја слават својата слобода. Грчката крв која е пролеана во оваа борба дојде како капка роса за да го оживее овеаното цеќе на македонската слобода. Поради тоа никој не е тажен. Родителите кои ги изгубиле синовите во светатат борба за својата земја ја благословуваа својата среќа, а ако некоја мајка пролеала солза, тоа било само затоа што разбрала дека смрта на нејзиниот сакан син ја донесе слободата на илјадници наши браќа. А ако помладите браќа искажуваа тага, тоа беше само затоа што самите немаа среќа да учествуваат во таа племенитаблагородна победа. Остварувањето на идеалот на нацијата, барем за некој сонародници, создава општо чуство, на неограничена радост. Секое грчко чуство, секоја грчка душа, каде и да се наоѓа на планетата, сега се свртени кон полињата на Македонија. Со влегувањето во Солун, грчката војска додаде уште една славна страница во грчката историја и стекна ново почитување на својата сила.'''<ref>Емброс, Атина, 27 октомври 1912.</ref>}}
 
Од север кон [[Солун]], настапувала Седмата бугарска дивизија која стигнала неколку часа по пристигнувањето на грчките сили. Офанзивата на Седмата бугарска дивизија започнала на 5 октомври со освојувањето на [[Царево село]] и [[Горна Џумаја]]. Десната колона на 11 октомври го освоила [[Кочани]], а централната и левата колона ја зазеле Кресненската клисура на 14 октомври, при што бил поразен Струмскиот османлиски одред<ref>ВБТ, т. VI, стр. 100-104, 106-111, 113-120.</ref>. Следниот ден, офанзивата била запрена со наредба командантот на Втората сојузна армија, генералот Степановиќ.