ФК Базел: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 77:
 
=== Подеми и паѓање ===
Базел го освоил својот прв трофеј во новата деценија во [[1963]] година; под водство на [[Чехословачка|чехословачкиот]] тренер [[Јиржи Соботка]], тие триумфирале во Купот на Швајцарија по победата од 2-0 над Грасхопер во финалето. Но, Базел започнал да игра важна улога во швајцарскиот фудбал во доцните [[1960-ти]] под раководството на германскиот тренер [[Хелмут Бентхаус]]. Тој на располагање имал неколку квалитетни играчи како што се [[Рене Хаслер]], [[Отмар Хицфелд]] и [[Карл Одермат]]. Првата лигашка титула под водство на Бентхаус како тренер на Базел, дошла во сезоната [[Национална лига А (Швајцарија) 1966-1967 | 1966-1967]], завршувајќи со еден бод пред [[ФК Цирих|Цирих]]. Истата сезона Базел го освоил и купот со победа над Лозана во финалето. Благодарение на одличните резултати на домашната сцена, Базел играл во квалификациите за [[Лига на шампиони | Европскиот куп]], за прв пат во историјата на клубот, [[Куп на шампиони 1967/68 | во 1968 година]], но биле елиминирани во првиот круг од турнирот, од [[Данска | дански]] [[ФК ХвидовреВидовре|ХвидовреВидовре]]. Следната првенствена титула на Базел дошла во [[Национална лига А (Швајцарија) 1968-1969 | сезоната 1968-1969]], кога тие уште еднаш завршиле со само еден поен над првиот следач, кој овојпат била екипата на Лозана. Ова значеше дека Базел ќе има нова европска авантура, но тие уште еднаш не успеале да ја надминат првата пречка, откако биле поразени од [[Шкотска Премиер лига | шкотскиот]] [[ФК Селтик | Селтик]].
 
Во [[Национална лига А (Швајцарија) 1969-1970 | сезоната 1969-70]], уште еднаш, Базел ја освоил лигата со бод повеќе од Лозана. Во своето трето учество во Европскиот куп во [[Куп на шампиони 1970/71 | сезоната 1970-71]], тие конечно ја минале првата фаза (елиминирајќи го [[ФК Спартак Москва | Спартак Москва]]) и стигнал до вториот круг, каде загубиле од подоцнежниот шампион [[ФК Ајакс|Ајакс]] со вкупен резултат 5-1. Базел не ја задржат својата титула [[Национална лига А (Швајцарија) 1969-1970 | следната сезона]] и покрај тоа што завршиле со ист број на бодови како шампионите, Грасхопер, кој биле подобри во меѓусебниот дуел за титулата со 4-3. Откако ја загубиле титулата во оваа сезона, Базел потоа освоил две титули во лигата по ред, во сезоните [[Национална лига А (Швајцарија) 1971-1972 | 1971-1972]] и [[Национална лига А (Швајцарија) 1972-1973 | 1972-1973]]. Тие, исто така, го освоиле и [[Лига куп на Швајцарија во фудбал | Лига купот]] во 1972 година. Во Европа, Базел не успеал да импресионира, испаѓајќи во првата фаза од [[Унгарија | унгарскиот]] [[ФК Ујпешт | Ујпешт]] во [[Куп на шампиони 1972/73|сезоната 1972-73]], но во [[Куп на шампиони 1973/74 | сезоната 1973/74]] тие се истакнале со перуанската легенда [[Теофило Кубиљас]] во своите редови, стигнале до четврт-финалето елиминирајќи ги [[ФК Фрам | Фрам од Рејкјавик]] и [[ФК Клуб Бриж | Клуб Бриж]], пред тесно да загубат од Селтик со вкупен резултат 5-6. И покрај подобрувањето на Базел на европската сцена, тие не успеале да ја освојат лигата во следните четири години, но го освоиле Купот на Швајцарија во [[1975]] година, победувајќи го [[ФК Винтертур|Винтертур]] со 2-1 [[Продолжетоци (фудбал) | по продолженија]].
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/ФК_Базел