Милтон Манаки: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
+текст
Ред 61:
Во текот на [[Првата светска војна]], при гранатирање на Битола погодено е ателјето и бил уништен фотоапаратот и друга опрема. Во 1919 година, Јанаки и Манаки со заеднички напори го обновиле фотоателјето и решиле да ја прошират дејноста. Во 1921 година, набавиле кинопроектор, и на 16 август истата година започнало да работи киното „Манаки“, во почеток, како летна кино-бавча. Наредната година се зафатиле со изградба на наменска кино сала, која била готова во 1923 година.
 
На [[4 ноември]] [[1944]] година единиците на [[Седма битолскамакедонска ударна бригада|Седмата битолска бригада]] на НОВ на Македонија ја ослободиле Битола. Милтон го овековечил историското влегување на македонската војска и пречекот приреден од граѓаните на Битола, како и големиот митинг на [[8 ноември]] истата година. Во овој период, Милтон направил преку 4.500 фотографии, меѓу кои портрет на [[Лазар Колишевски]], како и серија фотографии од престојот на [[Јосип Броз Тито]] во Битола, во 1957 година.
 
==Оставнина==