Милтон Манаки: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
+текст
+текст
Ред 41:
Милтон имал природна дарба за комуникација со луѓето, имал голем круг на пријатели, често седел во кафеаните да игра табла, но и често патувал. Во периодот од 1898 до 1904 година, забележано е дека посетил 41 населено место.<ref>Извор: [[Историски архив (Битола)|Историски архив, подрачно одделение Битола]], фонд: Браќа Манаки, фотодокументи од 1-370.</ref> Активно учествувал во движењето за осознавање на Власите од асимилаторското влијание на Грчката патријаршиска црква, а според некои сознанија, членувал и во [[ВМРО|Внатрешната македонска револуционерна организација]], воспоставувајќи канал за пренос на оружје од [[Лариса]] до [[Битола]].<ref>Павле Константинов: „Браќа Манаки“, Млад борец, Скопје, 1982, стр. 36.</ref>
 
Во 1904 година се преселил во Битола заедно со брат му, бидејќи таму изградиле фотоателје на главната улица [[Широк Сокак]]. Во Битола за првпат видел кинопретстава, и автомобил по градските улици. Во 1906 година купил велосипед и се зачленил во велосипедскиот клуб „Спорт“.<ref> „Творештвото на браќата Манаки“, група автори, 1996, Скопје, стр. 33.</ref> Значајно место во неговиот живот заземаат неговите патувања во странство ([[Цариград]], [[Букурешт]], [[Солун]], и др.), при што воспоставувал контакти со високите власти. Особено значаен е престојот во Букурешт во 1906 година, кога заедно со брат му биле примени на аудиција кај романскиот крал [[Карол I]], зеле учество на големата фотографска изложба и добиле златен и сребрен медал.
 
Во 1914 година Милтон е регрутиран од српската војска, но на интервенција на значајни луѓе, бил ослободен од воениот рок.<ref>Извор: [[Историски архив (Битола)|Историски архив, подрачно одделение Битола]], фонд: Браќа Манаки, АЕ:1/1 и 2/2.</ref> Со оглед на несигурните воени времиња, браќата склучиле животно осигурување кај познатите осигурителни друштва „Ла викторија“ од Берлин, од 1912 до 1914 година, и потоа во „Ла национал“ од Белград, од 1914 до 1934 година.
 
За време на [[Првата светска војна]] се намалила работата во фотоателјето, а Милтон западнал во лоша финансиска состојба. Позајмувал пари од разни клиенти со камата од 12%, и според сочуваната документација, заклучно со 1916 година, позајмил 11.625 гроша, 2.800 динари, 1.200 лева, 100 француски франци и 400 драхми.<ref>Извор: [[Историски архив (Битола)|Историски архив, подрачно одделение Битола]], фонд: Браќа Манаки, АК:5, АЕ:32 - 52/52.</ref>
 
Во периодот од 1916 до 1919 година, Милтон се занимавал со купо-продажба на коњи, хранење на прасиња, продажба на жито и друго.
 
==Фотографска дејност==
Милтон бил фасциниран од фотографијата, за него тоа било можност да биде во постојан контакт со видни луѓе, за да ги фотографира или да им ги однесе готовите фотографии. За кратко време станал вистински мајстор на фотографијата. Паралелно со фотографијата, Манаки започнал да изучува и снимање со кинокамерата „Биоскоп 300“. Од посебно значење се нивните 450 фотографии и еден кусометражен филм снимени за време на [[Младотурската револуција]], 1908 и 1909 година, како и ангажманот за посетата на турскиот султан [[Мехмед Решад V]] во Битола, во 1911 година. За таа цел, Милтон отпатувал во Солун, каде на пристаништето го снимал доаѓањето на султанот, а потоа и неговото патување со воз на релацијата Солун - Битола, свечениот пречек на железничката станица во Битола, како и манифестациите одржани во чест на султанот.
 
Во периодот на српската окупација на Битола, за времена [[Балканските војни]], браѓата Манаки направиле околу 200 фотографии, од кои се зачувани негативите, како и оригиналните позитиви. На нив се сликани не само војници и офицери, туку и значајни личности од политичкиот врв на [[Кралство СХС|кралството СХС]].<ref>Извор: [[Историски архив (Битола)|Историски архив, подрачно одделение Битола]], фонд: Браќа Манаки, АЕ:690.</ref>
 
Во текот на [[Првата светска војна]], при гранатирање на Битола погодено е ателјето и бил уништен фотоапаратот и друга опрема.
 
== Поврзано ==