Артур Милер: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
дополнување
Ред 15:
Исто така, тој е автор на бројни есеи, како: „Трагедијата и обичниот човек“ (1949), „Непријател на народот“ (1950), „За социјланата драма“ (1955), итн.<ref>Tihomir Vučković, „Artur Miler“, во: Artur Miler, ''Smrt trgovačkog putnika''. Beograd: Rad, 1969, стр. 87-89.</ref>
 
==ПогледиПогледите на Милер за театарот==
Во бројни прилики (есеи, книги, предговори кон сопствените дела, новински статии итн.), Милер пишувал за естетиката на театарот. Така, во една новинска статија, Милер напишал дека повоениот американски [[театар]] жално се повторува, т.е. од сезона во сезона се ннижат дела во кои „некоја млада личност, обично девојка, обично чувствителна, бесчувствителноста на родителите, обично таткото, ја наведува или во самоуништувачки бунт или во немоќ“. Неговите погледи кон театарот најдобро се искажани во [[есеј]]от „Трагедијата и обичниот човек“ од 1949 година, во кој ја отфрла тезата дека во денешното време не може да се напише [[трагедија]]. Според него, трагедијата се раѓа како последица на „апсолутната човекова принуденост да ја утврди својата вистинска вредност“. Според него, точно е дека повеќето современи луѓе не се активни, но сè уште постојат луѓе кои не се помируваат со силите што сакаат да ги стуткаат во конформизам и „делуваат против поредокот на нештата што ги понижуваат“. А, тој ужасен страв од можноста да ни биде одземено местото под [[сонце]]то, според Милер, е најприсутен во „обичниот“ човек. Во борбата против тие мрачни сили, јунакот трпи порази, но тоа не е попусто, зашто тој во својата околина разобличува некоја неправда или зло и на луѓето околу него им ги отвора [[очи]]те и им го покажува патот. „Во тоа е моралноста на трагедијата“, заклучува Милер.87-88
 
<br />
И во подоцнежните есеи Милер останува верен на своите првобитни погледи, и иако се откажува од инсистирањето на трагедијата, неговата концепција на драмата останува [[Етика|етичка]]. Така, во есејот „За социјалната драма“ од [[1955]] година, тој вели: „Повеќе не можам со преголема сериозност да ја набљудувам драмата на индивидуалната [[Психологија на личноста|психологија]], која ја пишуваат поради самата себе, без оглед колку длабоко досегнува таа и колку многу е полна со точни (психолошки) забелешки.“ Во продолжение, тој пишува: „Времето се движи; неопходно е да се изгради еден свет, да се создаде една цивилизација којашто ќе биде свртена кон онаа единствена цел што демократскиот дух единствено може да ја прифати. Тоа е свет во кој човекот ќе може да живее како природно политичка, природно ангажирана, природно посебна личност, свет во кој повторно ќе може да се извојува вистинската трагичка победа.“ Без ваквата насока, чиј плод ќе биде т.н. „целосна драма“ (''Whole Drama''), драмата ќе се претвори во сопствената спротивност, во „антисоцијална и, во крајна линија, антидрамска драма.“88
<br />
Според Милер, во современата драма се води борба „за посебните личности да се пишува како за посебни личности“ и „она што се кажува да се крене на одредено поетско, т.е. на одредено општествено, ниво.“ Според Милер, писателот мора да се одликува со „урамнотежено поимање на животот“ и мора „најпрецизно да ја согледува причинско-последичната поврзаност на појавите“.88
 
== Наводи ==