Коби Брајант: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 17:
Во [[1997]] година, Брајант победил на натпреварот во [[забивање]] во рамките на ревијалниот натпревар „Ол стар“. исто така, тој има освоено една награда за најдобар играч во НБА (MVP) во сезоната [[2007]]-[[2008]] и има пет шампионски прстени, односно бил пет пати шампион на НБА, од кои, двапати бил прогласен за најдобар играч (MVP) во финалето.
 
Во [[февруари]] [[2016]] година, на 65. издание на „Ол стар“, Брајант го одиграл последниот натпревар на овој настан при што постигнал 10 поени.<ref>„Историја надополнета со постигнат рекорден број кошеви“, ''Дневник'', година XX, број 5990, вторник, 16 февруари 2016, стр. 23.</ref> Подоцна, во април, Брајант го одиграл последниот настап во НБА. Притоа, во натпреварот против „[[Јута џез]]“, одигран на домашен терен, во „[[Стејплс центар|Стејплс центарот]]“ во [[Лос Ангелес]], Брајант постигнал 60 поени. Така, тој станал петтиот играч во историјата на [[НБА]] кој одиграл 20 сезони (но, првиот играч кој сите нив ги одиграл во едне клуб) во кои освоил пет шампионски прстени, постигнал 30.000 поени, имал над 6.000 асистенции, 18 пати настапил на „Ол-стар“ натпреварите, двапати бил прогласен за најкорисен играч (МВП) на сезоната, а со репрезентацијата на [[САД]] освоил два [[Олимписки игри|олимписки]] медали. Најпосле, тој е вториот играч во историјата на НБА со најмногу постигнати поени на еден натпревар (во [[2006]] година, во натпреварот против „[[Торонто репторс]]“ постигнал 81 поен).<ref>„Коби Брајант постигна 60 поени на свјот последен натпревар во НБА“, ''Дневник'', година XX, број 6041, петок, 15 април 2016, стр. 26.</ref>
 
== Статистика ==