Саат-кула (Битола): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 106:
Првобитниот часовник е заменет во 1936 година пред започнувањето на [[Втора светска војна|Втората светска војна]] со понов и многу попрецизен часовник. Новиот саат го купиле [[Нацистичка Германија|Германците]] во знак на благодарност на граѓаните за германските гробишта коишто ги подигнале за жртвите од конфликтот во Битола, заедно со англиските и француските гробишта за време на [[Прва светска војна|Првата светска војна]]. Тогаш бил заменет саатниот механизам, а биле поставени и 15 ѕвона, тешки 900 килограми. Механизмот е обновен во 1962 година, а во 1970 година била поставена и клавијатура за изведба на нови композиции.<ref name="битола.инфо" />
 
Во текот на обновата од 2009 година, бил обновен и самиот саатен механизам, кога помогнале и германски стручњаци. Со репарацијата на механизмот се изгубила песната „Таму ле мајко, близу Битола“, посветена на народниот херој [[Таки Даскало]], која со децении била отчукувана во исто време, поради што обновата наишла на критики од самите битолчани.<ref name="република" /><ref name="утрински" /> По промената на механизмот, останала да се слуша само песната „Битола мој роден крај“ на [[Ајри Демировски]].<ref name="утрински">{{наведени вести|url=http://utrinski.mk/?ItemID=D8DEDCAB835A4247AA10BB121ADEE1E1|title=Саат кулата во Битола алергична на песни за партизани?|date=31 август 2009|work=[[Утрински весник]]|publisher=МПМ Македонија|language=македонски|accessdate=9 април 2016|location=Скопје}}</ref>
 
== Галерија ==