Тирол: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 1:
'''Тирол''' ([[Германски јазик|германски]]: ''Tirol'' или ''Tyrol'', [[Италијански јазик|италијански]]: ''Tirolo'') е висока [[Планина|планинска]] област на [[Алпи]]те која се наоѓа источно од [[Швајцарија]]. Се дели на [[Северен Тирол|Северен]] и [[Јужен Тирол]] и има вкупна површина од 26.262 [[Километар квадратен|km<sup>2</sup>]]. Има над 1,2 милиони жители. Северен Тирол се наоѓа во [[Австрија]] и сочинува посебна покраина наречена исто така [[Тирол (покраина)|Тирол]]. Јужен Тирол припаѓа на Италија и ја сочинува покраината [[Трентино-Јужен Тирол]].
 
Северен Тирол се простира помеѓу Италија, Швајцарија, [[Германија]] и австриските покраини [[Предарлска]] на запад и [[Салцбург (покраина)|Салцбург]] и [[Корушка]] на исток. Има површина од 12,647 km<sup>2</sup> и население од околу 470.000 жители. Главен град е [[ИнзбрукИнсбрук]]. Северниот дел на Тирол ги опфаќа планините [[Ецталски Алпи]] (со највисок врв [[Вилдшпиц]], 3.774 м), [[Лехталски Алпи]] ([[Цугшпице]], 2.964 м) и други. Најпознати и најзначајни [[Превој|превои]] се [[Бренер]] (на 1.370 м) кон Јужен Тирол и [[Арлберг]] кон запад (на 1.802 м). [[Клима]]та е континентална и алпска, а висината на снежната граница изнесува до околу 2.800 м. Поголеми реки се [[Лех (река)|Лех]] и [[Ин]] кои се десни притоки на [[Дунав]]. Најголемо е [[Ахенско Езеро|Ахенското Езеро]]. Тирол е земјоделско-индустриски регион.
 
== Поврзано ==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Тирол